ГАСОЛ ПРЕСЕДЕ НА КЛУПА

Екипата на Мемфис се наоѓа можеби во најголемата криза од своето постоење. Имено, екипата од истоимениот град го забележа осмиот пораз во низа, што предизвикува огромна тензија кај раководството, кошаркарите и навивачите. Како резултат на тоа, Марк Гасол влезе во конфликт со тренерот Физдејл, а овој му врати на тој начин што го остави да седи на клупа цела четврта четвртина. Инаку, Мемфис загуби на свој терен од Бруклин со 88-98.

Мајами како гостин славеше над Чикаго со 100-93, иако ја имаше најслабата четвртина во историјата. Во првата четвртина Мајами постигна само 7 поени.

Во последниот натпревар што се одигра ноќеска, Минесота без проблеми го совлада Феникс со 119-108.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *