САСУОЛО МУ “ЗАБЛАГОДАРИ” НА БУКИ

Раководството на екипата на Сасуоло, незадоволно од игрите и пласманот на нивната екипа му врачи отказ на тренерот Кристијано Буки.

По првите четиринаест кола, Сасуоло под водство на Буки забележа дури девет пораза и се наоѓа на само еден бод од екипите кои се во зоната на иапаѓање. Очигледно раководството на калчолигашот смета дека има екипа која може и мора многу повеќе од она што во моментов го прикажува, па реши да донесе нов човек на струката.

Засега има многу опции за негов наследник, но се зборува дека најсериозен за таа функција е Беле Јакини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *