Почитувани,
Македонската Алијанса во рамките на своите програмски определби одамна се залага за промена на изборниот модел во Татковината. Силно сме уверени дека со воведувањето на една изборна единица со отворени листи ќе се добие силна законодавна власт која ќе биде отпорна на досегашните политички пазари со кои се раздаваат Македонските национални интереси.
Прво, со една изборна единица и без изборен праг во идните состави на Македонското Собрание ќе има претставници на помали политички партии кои ќе бидат рамнотежа на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Нема да може да се формира Влада без квалитетно и програмско учество на помалите партии кои во своите редови немаат клиентелисти кои си го гледаат само личниот интерес, како во големите партии.
Второ, со отворените листи ќе се намали потенцијалот, како досега, пратеници да стануваат единствено слепи партиски послушници. Во Македонското Собрание ќе влегуваат кандидати со интегритет, чесни, професионално реализирани и со програмски ветувања кои гласачите ќе ги препознаваат и подржуваат. Предавствата на националните интереси ќе бидат спречувани од политичари со развиено патриотско чувство, политички храбри и со визија за сигурна иднина на генерациите Македонци кои доаѓаат.
Трето, со една изборна единица во која ќе бидат вклучени Македонците кои живеат во Татковината, но и сите останати кои живеат и работат секаде со светот, ќе и се овозможи и на Македонската Дијаспора секогаш да има свои пратеници. Никогаш повеќе нема да се омаловажува Македонската Дијаспора, која несебично помага и вложува во развојот на својата Татковина.
ГИ ПОВИКУВАМЕ НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ДА НЕ СЕ ЗАНЕСУВААТ ДЕКА РЕФОРМАТА НА ИЗБОРНИОТ МОДЕЛ МОЖЕ ДА ЈА НАПРАВАТ БЕЗ АКТИВНО УЧЕСТВО НА ПОМАЛИТЕ ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ. БАРАМЕ ДА БИДЕМЕ АКТИВЕН ДЕЛ ОД ДЕБАТАТА И НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ НЕКОЈ И ПОНАТАМУ ДА СИ ГИ ЗАШТИТУВА ПАРТИСКИТЕ ИНТЕРЕСИ! ЦРНО – БЕЛИОТ ПОЛИТИЧКИ СВЕТ МОРА ДА СЕ ПОРАЗИ! ДЕМОКРАТСКИТЕ ВРЕДНОСТИ МОРА ДА СЕ РАЗВИВААТ!
ПРОМЕНАТА НА ИЗБОРНИОТ МОДЕЛ НЕ СМЕЕ ДА СЕ ОДЛАГА!
НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА