ВМРО-ДПМНЕ: Време е Македонија да се врати на вистинската патека на реформи, проекти, силна економија и севкупен развој

Република Македонија и македонскиот народ го менуваат Зоран Заев, сосе сите негови решенија за аболиција, за датум за отпочнување на преговори за членство во ЕУ.

Знаеме дека цената на лажгото и манипулаторот Заев е мала и никој не би го примил во сопствената земја, па во пакет би ги понудиле нивите со марихуана на Вице, зградите на државно земјиште во Струмица, камионите што возат за РЕК Битола, дивоградбата Цареви Кули, багателно купениот „Герас Цунев” и се разбира на „Мирчо бишкарникот” сосе проектот „Евро за Вице” и штедилницата „Пеон”.

Доколку и ова е недоволно за ЕУ да ни додели датум, Македонија и граѓаните ја прошируваат понудата со вилата во Грција, скапите мотори, луксузните лимузини на Вице и целиот картел околу Заеви.

Нема крај на понижувањата кои Зоран Заев им ги сервира на македонската држава и македонскиот народ. Заев ја срами нашата држава на секој чекор, а притоа ризикува да ги влоши односите со меѓународните партнери на Македонија.

Аболицираниот Заев и неговата криминална банда се прочитани, дома и во Европа. Тој повеќе нема простор за маневар, нема простор за лажење и манипулирање на македонската јавност. Не му поминува во јавноста ноторната лага дека тој не е виновен што Македонија и оваа година не доби датум за преговори со Европската Унија. Не минува приказната дека некој друг е виновен за неговата неспособност и погубните политики кои ги спроведува.

Само Заев и неспособната влада на СДСМ се одговорни за колапсот на економијата. Тој и неговата криминална банда се виновни што во Македонија има селективна правда и политички монтирани случаи. Заев е виновен за криминалот и корупцијата, бидејќи тој ја третира буџетската сметка како партиска па од неа преку криминални, тендери и грантови и партиски вработувања ги исплаќа партиските послушници.

Граѓаните на Република Македонија не заслужуваат да бидат казнети за неспособноста, неработењето, криминалот и корупцијата на власта. Македонија по 10 пат добива позитивна препорака за почеток на преговорите со Унијата, нашата држава заслужува да биде дел од Европското семејство.

Зоран Заев нема повеќе политички кредибилитет и мора да си замине. Потребно е формирање на техничка влада и одржување на предвремени парламентарни избори во најкус можен рок. Време е Македонија да се врати на вистинската патека, патека на реформи, проекти, силна економија и севкупен развој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *