ПОЧНУВА “ОПЕРАЦИЈАТА ЕП 2018”

Селекторот на машката ракометна репрезентација, Раул Гонзалес, одлучи на ЕП во Хрватска да поведе 19 ракометари, истите оние кои ги одиграа контролните натпревари со Саудиска Арабија и Србија. Тоа значи дека конечниот список Гонзалес ќе го оформи на местото на настанот, а дека од првичниот список отпаднаа голманот Мартин Томовски и ракометарот Горан Крстески.

Нашата експедиција за Загреб патува утре, а во неа се наоѓаат ракометарите:Борко Ристевски, Никола Митревски, Златко Даскаловски, Кире Лазаров, Филип Миркуловски, Филип Талески, Филип Лазаров, Немања Прибак, Мартин Велковски, Филип Кузмановски, Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Гоце Ојлески, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Марковски, Аце Јоноски и Велко Марковски.

Првиот натпревар Македонија ќе го одигра на 13. јануари против репрезентацијата на Словенија.