Од печат излезе брошура за Македонците во Албанија и Македонско друштво „Илинден“ со седиште во Тирана.
Во брошурата се сместени куси информаци за Македонците во Албанија и активностите на друштвото „Илинден“, кое на почетокот на февруари ќе одбележи девет години плодна активност.
– Брошурата „Македонците во Република Албанија и Македонското друштво Илинден -Тирана“ е тројазична и е отпечатена на македонски, албански и англиски јазик. Со оглед на фактот што ваква брошура излегува за првпат а особено што е тријазична, очекуваме дека секој заинтересиран за темата која се обработува во неа, ќе ги најде најосновите информаци, изјави за МИА уредникот на изданието Никола Ѓурѓај.
Брошурата, посочува Ѓурѓај, која е отпечатена во 400 примероци ќе се дели бесплатно низ цела територија на Албанија како и во татковината Република Македонија и меѓу дијаспората во светот.