Прилепските компании со „Комуналец“ засадуваа дрвја за Светскиот ден на животната средина

Со засадување украсна туја во парковите во прилепските населби „Димо Наредникот“ и „Точил“, вработените од компаниите „Гентерм“ и ВИК со ЈП „Комуналец“ го одбележаа Светскиот ден на животната средина.

Целта на симболичното засадување е да ги поттикне луѓето од Општина Прилеп, да ја обновуваат, зачувуваат и заштитуваат животната средина.

Според менаџментите на компаниите „Гентерм“ и ВИК, правото на чиста и здрава животна средина  е фундаментално граѓанско право чие целосно и доследно почитување претставува услов за подобро здравје, поквалитетен и подолг живот на граѓаните. Во соработка со прилепски „Комуналец“ се стремат за чиста и здрава животна средина.

Ова симболичното засадување на украсна туја се спроведува втора година, а воедно се селектира и отпадот.

Ирена Станкоска, в.д. директор на „Комуналец“ смета дека соработката на члинителите на општествената заедница дава резултати за здрава животна средина.

– Неопходни се и поголема соработка и координација меѓу централната и локалната власт, меѓу локалната власт и јавните претпријатија, бизнис секторот и граѓаните. Ние сите заедно како чинители на општествените случувања, е потребно да организираме повеќе зеднички средби, акции за засадување и чистење на средината во која живееме или работиме, рече Станкоска.

Светскиот ден на животната средина е креиран од Генералното собрание на Обединетите нации во 1972 година на првиот ден од Конференцијата на ОН за животна средина, а се прославува од 1974 година во повеќе од 140 земји во светот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *