Саем за вработување и кариера и промотивен настан за вмрежување во Кичево

Општина Кичево организира Саем за вработување и кариера и промотивен настан за вмрежување на 7 и 8 јуни 2019 година во рамки на проектот „Transnational Educational
Network for young people – new technologies and entrepreneurial thinking in the tourism industry” со акроним TRANS-EDU-NET, од Програмата INTERREG Balkan-Mediterranean 2014-2020.
Саемот за вработување и кариера ќе се одржи на 7 јуни и ќе привлекува различни заинтересирани страни кои постојат во подрачјето на Кичево и пошироко. Целта на овој Саем е да им се даде можност на бизнисите, универзитетите, средните училишта, центрите за стручно образование и обука и работодавачите да ги промовираат своите активности и да презентираат отворени работни места.
Саемот ќе привлекува ученици, студенти, идни вработени и други учесници, кои ќе имаат можност да се информираат и да поставуваат прашања на професионалци околу новите бизнис трендови, претприемништвото и туризмот. Учесниците, исто така, ќе имаат можност да се пријават за бесплатни практични обуки и да учествуват во образовната онлајн платформа, играта за бизнис симулација и старт-ап натпреварот со едукативни кампови и работилници во Софија, Валона, Солун и Кичево.
Промотивниот настан за вмрежување ќе се одржи на 8 јуни, кој ќе вклучи ученици, студенти, локални претприемачи и други засегнати страни во „TRANS-EDU-NET” иницијативата. За време на настанот ќе имаме можност детално да ја презентираме целта, мисијата и претстојните активности на проектот. Исто така, во текот на овој ден ќе започне со работа и физичката претприемничка комора во постојниот центар за стручно образование што ќе им овозможи на учениците, студентите и локалните засегнати страни активно да се вклучат во стручни обуки за претприемништво, информира Секторот за односи со јавноста на Општина Кичево.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *