ДЕНЕСКА ПРОТИВ СРБИЈА

Денеска во 18 ч., македонската ракометна федерација ќе го има вториот контролен натпревар пред почетокот на ЕП во Хрватска. Противник на нашите ракометари ќе биде силната селекција на Србија, а влезот во салата ќе биде слободен. Србија е исто така учесник на ЕП, а за неа ова е контрола против еден силен спаринг-партнер.

Инаку, вчера во Белград, Македонија ја совлада репрезентацијата на Саудиска Арабија со 37-21, но оваа селекција не е вистински репер за формата во која се наоѓаат избраниците на Раул Гонзалес.

По оваа средба, нашите репрезентативци ќе добијат два дена одмор поради Божиќните празници, а повторно се собираат на 8. јануари. По три дена подготовки во Скопје, на 11. јануари заминуваат за Загреб. Првиот дуел на ЕП ќе го имаат на 13. јануари против селекцијата на Словенија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *