НСДП ги повика граѓаните да излезат на гласање на 5 мај

Повеќе од потребно е во овие историски моменти да имаме претседател на државата кој ќе ги штити итнересите на граѓаните, кој ќе биде искрен поддржувач на евро-атланските интеграции и вистински промотор на европските стандарди и вредности. Веќе две години одлучно чекориме кон ЕУ и НАТО, ослободени од политичките бремиња на историја, на споровите со соседите, силно чекориме кон демократијата, владеењето на правото, економски напредок и социјална благосостојба.

Немаме простор за политички компромиси со иднината на држават. Неизвесноста и стравот да ги оставиме позади нас, да не дозволиме сенките од минатото, од владеењето на криминалот и корупцијата,  од поделбите и конфликтите, повторно да надвиснат над нас и да не вратат назад во минатото.

НСДП ги повикува сие граѓани на Република Северна Македонија, независно од нивната политичка, етничка, верска, јазична или културна припадност, на 5 мај да излезат на гласање и да го поддржат Стево Пендаровски. Со изборот на Пендаровски ќе имаме претседател кој ќе не обединува, кој ќе поттикнува заедништво и меѓусебно разбирање,  кој ќе ја сподели со нас одговорноста да се развива државата.

Во недела на гласачките места да демонстрираме цврста решеност да заокружиме една историска епоха на нашата држава, да ги затвориме дилемите за безбедноста и иднината намладите генарации, з аедно да продолжиме напред да градиме силна, безбедна и економски напредна држава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *