Силјановска-Давкова: Мора да ставиме крај на просечноста во политиката

Мора да ставиме крај на просечноста во политиката оти нашиот живот веќе зависи од политичките одлуки. Се ова што се случуваше изминатите 30 години кога се клонираа луѓето, како киборзи станаа политичарите и ги клонираа себеси сличните. Мислам дека треба да си заминат и да почнеме една нова пролетно ореинтирана политика која ќе ги разбуди најумните и најкритичните. Се надевам дека можам тоа да го сторам, изјави кандидатката за претседател, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова која вечерва имаше средба со младите во Скопје.

Ова, како што истакна Силјановска, особено важи за женскиот дел на популацијата кој иако доминира во многу професии, сепак не е на клучните функции и тоа ќе биде доказ за демократскиот капацитет и кредибилитет на македонската политика.

-Очекувам многу енергија, креација, скриена, непозната, непризната зборувам за жените да дојде до израз со моја помош и така ќе живееме во хармонија во женско – машки свет. Во еден човечки свет. А, се разбира дека тоа ќе биде со светот на најмладите оти стално велиме на нив им припаѓа иднината, а ако не ги вклучуваме во решавање на сегашноста нема да можат тие да влијаат врз иднината, потенцира професорката.

Посочи и дека без критичко мислење не може да има реформи.

-Затоа сум овде, да ја чујам критиката за досегашната кампања, за она што се случува, за да ги чујам забелешките за да знам кој пат да фатам во вториот изборен круг, дополни Силјановска.

Таа претходно, на својот фејсбук профил порача дека е сфатена пораката од тие што не излегле да гласаат во првиот круг, на 21 април. Воедно ги повика оние што го поништиле гласачкото ливче, во вториот круг повторно да излезат и да гласаат за неа.

-До тие што не излегоа: ја сфативме вашата порака и апсолутно ве разбираме за вашиот револт и потребата да искажете незадоволство од случувањата на политичката сцена. Многу од вас кои не се согласувате со политиките на актуелната власт на Зоран Заев (криминал,насилие,неправда..) не се одлучивте да ме подржите мене. Но сфаќате дека имаме нова реалност, на прагот сме на победа. Зат оа ви се обраќам со барање во вториот круг да излезете и вашето несогласување со лошото владеење на оваа власт да го искажете со гласање за опцијата која се бори за правда и за промена на оваа ненародна власт, напиша Силјановска.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *