Ивановска: Околу 15 приговори од опозицијата за изборната кампања

Околу 15 приговори доставила опозициската партија до Антикорупоциската комисија за злоупотреби во текот на изборна кампања, а претставки има и од граѓаните. Дел од приговорите на опозицијата се прифатени и веќе се процесуираат согласно предвидените рокови, додека претставките од граѓаните ќе одат во редовна постапка.

Како што соопшти претседателката на Комисијата за борба против корупцијата, Билјана Ивановска во вечерашното гостување на „Само вистина“, исплатата на дополнителната поддршка за лозарите е еден од издржаните приговори на опозицијата зашто има елементи на влијание врз гласачите.

-Дали ваквата исплата во овој изборен период има влијание врз гласачкото тело? Одговорот е да, зашто изборите се планирани, точно се знаеше кога ќе се одржат. Владата во духот на доброто владеење требаше да ја одложи исплатата за постизборниот период, истакна Ивановска.

Според неа, и предвремената исплата на субвенциите, како оние за тутунот што лани им беа префлрени на производителите во мај, а сега во март, покажува обид „на мала врата да се протнат некои работи кои ќе имаат влијание врз гласачкото тело“.

-Сепак, треба да бидеме задоволни ако споредиме како порано во предизборниот поериод се сечеа ленти, играа лопати и се ставаа темели на градби. Го надминавме тоа, дојдовме до посуштински прашања на трошење буџетски средства. Но, сега е на нас, како антикорупционери и професионалци, да го препознаеме елементот на влијание на гласачкото тело и за тоа да отвориме постапка, напомена Ивановска.

Има и приговор за тоа дека кандидатот за претседател Стево Пендаровски држел средба со граѓани во објект на Општина Шуто Оризари, но дали тука постои основа за влијание врз гласачите допрва треба да се утврди.

Ивановска обелодени дека Антикорупциската комисија отворила околу 60 предмети за непотизам во однос на вработувањата. Предметите се и за оваа и за претходната владејачка гарнитутра.

Оценка на Ивановска е дека законската регулатива всушност придонесува за генерирање непотизам. Работодавецот засега има големо дискрециско право да вработува по свој избор.

На прашањето каква е засега состојбата со корупцијата во земјава, Ивановска одговори дека за тоа доволно зборува рангирањето на 93-тото место според Транспаренси интернешнал.

-Тоа зборува само по себе. Колку е поголема корупцијата, толку е помала демократијата. Ни претстои голема броба во тој дел, подвлече претседателката на Комисијата за борба против корупцијата, Билјана Ивановска.

One thought on “Ивановска: Околу 15 приговори од опозицијата за изборната кампања

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *