НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА ДОБИ И ОФИЦИЈАЛНА ПОТВРДА ДЕКА Е МАЛЦИНСКА!

Македонската Алијанса им честита на граѓаните за високата национална свест и патриотизам со кој на целиот свет испратија порака дека Македонците се силна нација која не дозволува понижувања! Тивкото мнозинство граѓани порачаа дека за нив претседателските избори се нелегитимни. Заев, Димитров, Шекеринска и Пендаровски не ја есапеа волјата на Македонската нација на референдумот, сега предавството им се враќа како бумеранг. Ова е историски најслаб одзив на избори. Особено што за само 6 месеци Заев и Ахмети изгубија повеќе од 200 илјади свои гласачи.

МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА ГО ОТФРЛИ ПОЛИТИЧКОТО НАСИЛИЕ! ГРАЃАНИТЕ СЕ ПРОТИВ ПРЕДАВСТВАТА СО БУГАРИЈА И ГРЦИЈА! ТОА Е ФАКТ!

Од 1.800 000 гласачи на избирачкиот список, пред Договорот Заев – Ципрас, вообичаено на сите избори излегуваа во просек околу 60% од запишаните или 1.100 000 гласачи. Гласовите на Гордана Силјановска Давкова и коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ заедно со тие што не излегоа на гласање вчера, ја потврдија реалноста дека повеќе од 700 илјади гласачи се против предавствата и понижувањата на Македонските национални интереси. Ова е тешка шлаканица за предавниците!

АКО ЗАЕВ И АХМЕТИ ЗАЕДНО СО УШТЕ 29 ПАРТИИ СО СЕТА ЦЕНТРАЛНА ВЛАСТ И ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА НЕСРЕЌНИОТ ПЕНДАРОВСКИ МУ ИСПОРАЧАА ЕДВАЈ 320 ИЛЈАДИ ГЛАСОВИ, ТОГАШ НЕМА ПОЈАСНА ПОТВРДА ДЕКА НИВНИТЕ ПОЛИТИКИ СЕ ДЕЛЕГИТИМИРАНИ! СЕГА Е ВРЕМЕ ЗА УШТЕ ПОГОЛЕМА БУДНОСТ. ПРЕДАВНИЦИТЕ СЕ РАНЕТИ И ЌЕ СЕ ОБИДАТ СО СИТЕ СИЛИ ДА СПРЕЧАТ УШТЕ ПОГОЛЕМО НИВНО ФИЈАСКО!

Македонската Алијанса уште една го реафирмира барањето за реформи на изборните правила. Татковината има потреба од враќање на легитимитетот кај граѓаните. Една изборна единица со отворени листи е прв чекор кон решавање на слабостите на системот. Во следниот состав на Македонското Собрание ќе бидат потребни пратеници со интегритет и храброст за политичката борба која следи.

МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА ТРЕБА ДА СЕ ВРАТИ КОН ИСТОРИСКИТЕ КОРЕНИ! ДОСТА Е ОД ШТЕТНИ КОМПРОМИСИ! НЕОПХОДНО Е ВОЗОБНОВУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА ДИНАСТИЈА СО СИТЕ СВОИ ВЕКОВНИ АТРИБУТИ И НАЦИОНАЛНИ ОБЕЛЕЖЈА. МАКЕДОНСКОТО ИМЕ Е СВЕТО И НИЕ НИКОГАШ НЕМА ДА БИДЕМЕ ХИБРИДНА НАЦИЈА!

НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Претседател,

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА                       

SHARE