ВМРО-ДПМНЕ:СДСМ драматично ја губи поддршката кај граѓаните

Новата реалност во Република Македонија е дека граѓаните одбраа правда токму за Македонија.

Резултатите од изборите покажаа дека ВМРО-ДПМНЕ е политичката сила со најголема доверба меѓу граѓаните и дека политиките на власта доживуваат пораз.

СДСМ како политичка партија драматично ја губи поддршката кај граѓаните, и тоа го потврдуваат бројките и фактите.

Власта, особено СДСМ е делегитимирана. Народот не им верува.

Вчерашниот ден исто така потврди и дека меѓу граѓаните владее вистинска апатија поради болната реалност оптоварена со криминал, корупција и сиромаштија. Поради неправда која ја чувствува секој човек. Граѓаните се чувствуваат измамено од страна на власта.

Доживеа пораз системот кој наметнува тортура, прогони, притисоци, системот кој носи безпарица, економска стагнација, системот кој тргува со името, достоинството, и законите. Со овие луѓе нема ниту иднина, ниту напредок.

Одговорот на апатијата е едноставен, масовно гласање во вториот круг на изборите на 5-ти мај, и потврда дека граѓаните се тие кои решаваат. Народот е посилен од секоја власт и народот е свесен дека со гласачко ливче победуваме неправда.

Гордана Сиљановска Давкова е изборот на граѓаните, таа е изборот затоа што е олицетворение на правдата, човек со кредибилитет и свој став.

За нас довербата од граѓаните е обврска, а новата реалност е дека ВМРО-ДПМНЕ, и коалицијата која ВМРО-ДПМНЕ ја направи со народот победи во 47 општини. Фактите говорат дека на минатите локални избори, победивме во само 5, а вчера по нешто повеќе од една година во 47 општини.

Победивме во Скопје, Битола, Прилеп, Штип, Велес, Кавадарци, Неготино.

Победивме во Босилово, Брвеница, Валандово, Василево, Вевчани.

Победивме во: Виница, Гевгелија, Градско, Дебарца, Демир Капија, Демир Хисар, Зелениково, Зрновци, Илинден, Јегуновце.

Победивме и во Карбинци, Кочани, Кратово, Кривогаштани, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Новаци, Ново Село.

Гордана победи и во Охрид, Петровец, Пехчево, Пробиштип, Радовиш, Ранковце, Росоман, Свети Николе, Сопиште, Старо Нагоричане, Чешиново – Облешево.

Тука би истакнал неколку работи. Скопјани ја поразија власта, Скопјани ги поразија Заев и Пендаровски заедно.

Огромна победа имавме и во Гази Баба каде разликата е 6.500 гласа во корист на Сиљановска. Во Кисела Вода Сиљановска води пред Пендаровски со разлика од над 4.000 гласа или разлика од над 30%. Победа имаме и во Аеродром, каде разликата е повеќе од 2.000 гласа.

Победивме и во Бутел, со 1.400 гласа разлика. ВМРО-ДПМНЕ има победа и во Ѓорче Петров со над 2.000 гласа разлика или над 30%.

Имаме тесен резултат и во Шуто Оризари каде претходно на минатите избори имавме голема разлика во корист на власта. Исто така намалена е разликата и во Центар и Карпош.

СДСМ за помалку од 2 години изгуби речиси 14.000 гласови во Битола, каде денес имаме водство на Сиљановска во однос на Пендаровски.

Доколку резултатите на овие избори се пресликаат во пратенички мандати, ВМРО-ДПМНЕ е политичката партија која ќе треба да прави ново мнозинство во Собранието и нова Влада.

Првичните анализи покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ ќе освои 53 пратенички мандати, а СДСМ 12 пратенички мандати помалку, или само 41 пратенички мандат, додека Беса и Алијансата и ДУИ по 13 пратенички мандати.

Почитувани,

Цврсто веруваме во победа во вториот круг на изборите, затоа што народот се определи.

Големиот број на гласови кои ги освои Гордана и ВМРО-ДПМНЕ за нас се огромна обврска да продолжиме понатаму.

Со оглед на тоа дека власта на СДСМ оствари слаби резултати, апелирам да се задржи демократскиот амбиент и да не се продолжува со методи на притисок и заплашувања. Тоа ќе биде контрапродуктивно бидејќи народот веќе го испорача своето, кажа дека е за промени, македонската пролет доаѓа.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *