Река: Републиката не ја признава дозираната демократија за „статистички нации”

Кандидатот за претседател, Блерим Река на вечарашната средба со жителите на велешкото село Јаблочиште истакна дека Републиката не ја признава дозираната  демократија за „статистички нации”, на кои им се дозволуваат толку права во зависност од тоа колку проценти се.

-Не дозволувајте да ве убедат дека дури и по 30 години не треба да гласате за себе. На 21-ви април бидете свои. Не дозволувајте со вашиот глас да ја протерате и последната идеалистичка младина. Сведочете  дека не го прифаќате концептот на статистичка нација. Покажете дека не сте само гласачи туку и гласани, рече Река.