Пендаровски: Ја отворивме вратата кон деморатскиот свет, да продолжиме заедно напред

Јас исто како Владата, не ги делам луѓето по етничка или партиска припадност, сите ќе добијат еднаква шанса. Доста се кавги и делби. Секој треба да има шанса за добар живот, државата мора да е економски развиена и демократска, истакна заедничкиот кандидат за претседател на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски, на денешната средба со жителите од Зрновци.

Нагласи дека, доколку биде избран за претседател за него сите граѓани ќе бидат исти.

– За досегашниот претседател само членовите на таа политичка партија постоеја. Осум години молчеше како риба, а последните две години само сопки ставаше на новата власт, истакна Пендаровски.

Порача дека со интеграцијата во Европската Унија и НАТО се отвораат перспективи за младите да останат тука, во нивната татковина.

– Едната врата кон Европа, кон демократскиот свет, ја отворивме со поканата за НАТО, сега во јуни со почеток на преговорите со ЕУ ќе ја подотвориме и втората која е значајна за младите, за развој на земјоделството за отворање нови работни места, потенцираше претседателскот кандидат.

Педонаровски од жителите на Зрновци побара да гласаат за бројот три, бидејќи како што рече, политичкиот противник води кон држава без иднина, а тој и власта, европска иднина и перспектива.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *