Околу 1.500 мигранти на границата со Грција, зајакнато граничното обезбедувањето

Околу 1.200 мигранти се наоѓаат во Грција во близина на нашата граница, и околу 500 во близината на Солун, а има информации за судири со грчката полиција. Состојбата во овој момент е под контрола, изјави денеска Сашко Коцев, директор на МАРРИ Регионталниот центар, по одбележувањето  на 15 годишнината на оваа иницијатива, одговарајќи на новинарско прашање дали е можен нов мигрантски бран во блиска иднина со оглед на случувањата на границата со Грција.

– Прво државите се многу поподготвени сега, постои голема поддршка од ЕУ во справувањето со мигрантската криза, а на нашата јужна граница кон Грција патролираат полицајци од повеќе европски држави заедно со македонската гранична полиција. За разлика од 2015 година Северна Македонија и целиот регион е далеку подобро подготвен за соодветен одговор доколку се појави зголемен број мигранти, нагласи Коцев, додавајќи дека не очекува да се повтори сосотојбата со мигрантите од 2015 година.

Во одонос на зголемување на бројот мигранти кои се собираат во камповите во Грција, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски истакна дека секојдневно разменуваат информации со грчките колеги.

Според Спасовски, ова поголемо собирање во камповите во Грција е од вчера, по што преку посебни планови е зајакнато обезбедувањето на државната граница помеѓу Грција и Северна Македонија.

– Досега станува збор за група од околу 1.200 до 1.500 мигранти. Засега грчките колеги ја контролираат таа бројка, но секако имаме обврска да бидеме подготвени да ја штитиме границата и евентуалната можност за влез во Република Северна Македонија, изјави Спасовски.

Спасовски наведе дека е зголемен трендот за илегален влез на јужната граница. Но, посочува, ако се  погледнат бројките за тоа колку мигранти се вратени кои сакале илегално да преминат, таа бројка во 2018 година е околу 16.900.

– Тоа покажува дека имаме зголемен тренд, меѓутоа и оти имаме добра заштита на границата заедно со колегите од другите полициски служби кои работат на обезбедувањето на македонско-грчката граница. Сепак, најголемиот дел од мигрантите преминуваат по друга рута, а оваа преку нашата земја и Србија, т.н Западнобалканска рута не функционира во овој момент, рече министерот Спасовски.

Еден од предизвиците сега и ќе опстојува понатаму, нагласи тој, е миграцијата и не е исклучено и понатаму да имаме број на мигранти кои би сакале да профункционраат некои од другите рутите. Спасовски посочи дека мигрантите подолго време не поминуваат низ т.н. Западнобалканска рута, туку одат преку Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина или Албанија и Италија и понатаму во Еворпа. Потсети дека МВР соработува со ФРОНТЕКС, со државите од регионот, но и со ЕУ. Затоа, беше дециден Спасовски, подготвени сме да одговориме на секој предизвик.

– Засега не постои загриженост кој може да ја наруши безбедноста во целиот овој регион, посебно заради случувањата на северот на Косово. Очекувам дека преку дијалог ќе можат да се надминат тие недоразбирања што се познати помеѓу Косово и Србија, рече Спасовски одговарајќи на новинарско прашање за безбедноста во регионот во контекст на последните случувања на северот на Косово.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *