Прилеп одбележува 154 година од раѓањето на Ѓорче Петров

По повод 154-годишнината од раѓањето на големиот македонски револуционер Ѓорче Петров, делегации од прилепскиот сојуз на борци, од локалната сампоуправа, и претставници на средното училиште кое го носи неговото име, положија свежи цвеќиња и се поклонија пред споменикот на Ѓорче Петров во центарот на Прилеп.

Говорејќи за ликот и делото на големиот македонски револуционер, Страшо Ѓорѓиески, директор на прилепското средно училиште кое го носи неговото име нагласи дека е многу големо делото на Петров.

– Ѓорче Петров е еден од најголемите револуционери. Не бил борец само со оружје в рака, тој држел уште поголемо оружје, а тоа е науката. Тој е првиот географ и етнолог во Македонија. Точно ги одредувал границите, значи територијата на која живееле Македонците, и постојано ја застапувал теоријата дека секој народ па и македонскиот, самиот е одговорен за своето постоење и за својата држава. Големо признание му е оддадено по Илинденското востание. За жал, не бил ценет од најблиските свои пријатели, тогашни револуционери. Меѓутоа ние знаеме тоа да го почитуваме и како воспитно-образовна институција ќе изнајдеме начин младите да научат дека поголемо оружје од науката нема, истакна Ѓорѓиоски.

Во рамките на одбележувањето на патрониот празник на средното училиште „Ѓорче Петров“ од 17 часот во народниот театар „Војдан Чернодрински“ ќе се одржи Свечена академија посветена на ликот и делото на овој истакнат револуционер.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *