СДСМ: Вратена е довербата во економијата, платите растат, а невработеноста опаѓа

Напредокот во евроинтеграциите и успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ ја стабилизираа економијата и ја поставија на вистинска патека.

Довербата во економијата е вратена, државата се движи во добар правец.

Доказ за тоа е рекордниот износ на странски инвестиции од 624,5 милиони евра во 2018 што е четири пати повеќе споредено со 2017 година.

За само една година стапката на невработеност е намалена за 3,6 отсто и е на историски најниско ниво.

Континуирано растат платите, се усогласуваат пензиите, се обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, кај домаќинствата.

Економијата, државата чекорат напред кон раст и развој и враќање назад нема.

Владата предводна од СДСМ останува посветена на економските реформи и напредокот во евроинтеграциите, процеси што обезбедуваат економски раст, повеќе инвестиции, нови работни места, повисоки плати и повеќе пари за граѓаните.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *