Џафери на студиска посета во Шкотска организирана од Вестминстер фондацијата

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, претседателката на  Комисијата за финансирање и буџет Лилјана Кузмановска  и генералниот секретар на Собранието Цветанка Иванова се на студиска посета во Единбург, Шкотска.

Студиската посета, како што информира, собраниската прес-служба, се реализира од 20 до 20 март и е организирана од Вестминстер фондацијата за демократија, во рамки на потпишаниот Меморандум за соработка за воспоставување буџетска парламентарна канцеларија во Собранието на Република Северна Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *