Чешкиот министер за надворешни работи Петжичек денеска во Скопје

Министерот за надворешни работи на Република Чешка, Томаш Петжичек денеска ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија н а покана на неговиот македонски колега Никола Димитров.

Како што соопшти МНР, на агендата на разговорите на двајцата министри, покрај прашањата за актуелната состојба и перспективите за натамошен развој на севкупните билатерални односи, ќе се најдат и прашањата за соработката во рамките на интегративниот процес на нашата земја во ЕУ и НАТО, како и заедничката соработка во рамките на меѓународните организации.

Се очекува шефовите на двете дипломатии да разменат мислења и за повеќе актуелни прашања од регионални и меѓународни рамки.

Во рамките на посетата, министерот Петжичек ќе оствари средби и со премиерот Зоран Заев и вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, а потоа ќе присуствува на свечениот прием во Амбасадата на Република Чешка по повод 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу двете земји. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *