Делегација на СДСМ положи цвеќе на гробот на Киро Глигоров

Делегација на СДСМ денеска положи цвеќе и му оддаде почит на првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров на шестгодишнината од неговата смрт.

– СДСМ, како и граѓаните на Република Македонија со почит ги вреднува заложбите и придонесот на претседателот Глигоров кон Република Македонија, кој изгради мостови на соработка и заедништво како во нашата држава, така и во светот, и со тоа ги отвори перспективите за Македониа и нејзините граѓани. Во интерес на животот и добра иднина на граѓаните и на Македонија, СДСМ останува определена да ги негува и развива вредностите што претседателот Глигоров ги остави зад себе, се вели во партиското соопштение.

Во состав на делегацијата беа Миле Зечевиќ, организационен секретар на партијата, Цветанка Ласкова, координаторка на Форумот на жени и Љубица Јанчева, претседателка на Советот на Град Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *