За мешањето на различните култури, религии и нации на народите од Запад и од Исток

МЕШАЊЕ НА РАЗЛИЧНИТЕ КУЛТУРИ, РЕЛИГИИ И НАЦИИ НА НАРОДИТЕ ОД ЗАПАД И ОД ИСТОК

… тешкотија беше извонредната упорност со која ориенталците главно беа приврзани кон своите лични стандарди на цивилизацијата; дали тоа беше цврсто или лабилно тешко беше да се верува дека ќе можат да живеат заедно. Овој податок особено се однесува на нивниот јазик зашто и покрј ширењето на античкиот, тие го зачуваа својот, со исклучок на еврејската заедница. Кога е нагласено смалувањето на елинизацијата, тоа повеќе се однесува на нивната религија.

Додека античките Грци, како што погоре е речено, беа секогаш подготвени да ги признаат туѓите богови како свои и сакаа да ги заменат своите обични имиња со странски, народот од Ориентот постојано одбиваше да ги прими античките богови и култот. Кога Птолемеј I сакаше да создаде обичен култ за античките Грци и Египќаните, не мислеше на предлагање антички грчки бог сред Египќаните.

Озирис Апис од Мемфис беше издигнат да биде општ Бог под името Сарап. Тој беше брзо прифатен од Грците, кои сега во него гледаа како во Плутон, но иако сега како друг Бог, а Египќаните во своите домашни текстови го нарекоа Озирис Апис како и порано. Во однесувањето на античките Грци може да се види длабокото почитување кон боговите што ги откриле во природата и дека се насекаде исти, иако може да се нарекуваат со различни имиња.

Може некој да бара толеранција но во историјата на цивилизацијата овој однос е слаб изговор за ориенталците, кои не прифаќаа компромиси и спогодби. Официјалниот политеизам долго не ги задоволуваше самите антички Грци, а образованите бараа одговор во филозофијата. Затоа, склоноста кон проселитизам стануваше се’ послаба кај античките Грци. Навистина, оваа мисла пред тоа им беше сосема туѓа, а во барањето на религиозно задоволство тие беа повеќе наведувани да бараат одговор во странскиот култ. Според една изрека на Виламович, владеењето на Елините на Исток требаше да пропадне „бидејќи тие не можеа да ја освојат душата на Истокот”.

AZ2

Египетски богови

Наспроти овие конграсти и многубројната надмоќност на ориенталците, идеите на Александар Македонски за ширење на античката грчка култура на Исток беа реализирани со голем успех од неговите наследници во Азија и Европа. Брилијантноста со која се развиваше античкоит живот во нивните главни градови е веќе прикажана. И на друг начин градовите изградени од Александар Македонски и од неговите наследници се одржаа како центри на античката грчка култура.

Античкиот грчки јазик и живот се ширеа и во различните населби на Птолемејците. Но, независно од религијата елинизацијата на ориенталците во градовите што по правило беа формирани со поврзување на ориенталските населби што веќе постоеја, постапно беше ограничувана од ориенталското население што живееше едно до друго со новодојденото. Спротивно на тоа, каде што не живееја античките Грци, ориенталците го задржаа својот начин на живеење.

Проширувањето на античкиот јазик меѓу образованата горна класа на ориенталците во новоформираните градови на Исток веројатно беше под влијание на фактот што античкиот стана официјален јазик на империјата, јазик што судските управи го употребуваа во своите прокламации. Исклучок претставуваше кога за државен интерес сите потчинети мораа да се запишат на документи кои се преведуваа и на месниот јазик отпечатени покрај античкиот текст, како што беше забележано во Египет.

Според тоа, горниот круг на ориенталците, кои беа во тесна врска со антички грчки службеници, или беа амбициозни да стекнат кариера за себе, наскоро го научуваа античкиот јазик како додаток на нивниот мајчин јазик, без да се откажат од својот. На пример, во Египет свештениците во почетокот го употребуваа античкиот грчки јазик кога имаа врска со службениците, бидејќи тој беше официјален. Несомнено, ориенталските трговци и занаетчии веднаш започнаа да го учат официјалниот јазик од трговски причини.

Евреите во заедницата многу брзо го прифатија светскиот јазик и толку интензивно што во третиот век во Египет требаше да се преведува Светото писмо на античкиот, бидејќи во јавната служба верниците не можеа да го разберат и оригиналниот еврејски јазик. Така, се појави Септуагинт, античкиот превод на Стариот завет, во третиот и вториот век, а и елинистичка еврејска литература.

AZ3

Претставување на боговите

Но овој елинизам беше само надворешна фасада. Всушност, Евреите останаа Евреи, верни на својот закон и се конфронтираа со паганците, независно што макабанското движење беше возвишено. Подоцна имаше конфликти во многу места меѓу Евреите и античките Грци.

Дури и кај втората генерација по Александар Македонски можеа да се најдат некои истакнати ориенталци, кои беа толку многу целосно елинизирани што пишуваа книги во античката грчка литература на антички јазик. Еден од нив е Берос, свештеник од Мардук во Вавилон, кој се посвети на Антиох I, книга на старата вавилонска историја што тој ја напиша на антички употребувајќи клинестоформни преданија.

Другиот е Мането, египетски свештеник кој во периодот на Филаделф напиша египетска историја на антички јазик, врз основа на преданијата за египетските храмови. Овие книги на Берос и Мането се многу интересни докази за победата на елинизмот, зашто порано ни Вавилонците, ни Египќаните, иако оставија вредни летописи и слично, не мислеа да пишуваат историја на својата земја во смисла на античката историографија.

Еден друг Евреин пред нив многу подлабоко навлезе во античкиот интелектуален живот. Тоа беше Зенон, од феникиско потекло, од Китум на Кипар, кој при крајот на петтиот век, по завршувањето на филозофија во Атина, ја формира стоичката школа, која многу векови играше водечка улога во интелектуалниот живот, најнапред кај античките Грци, а потоа и кај Римјаните. Елинизирани Евреи се појавија и подоцна во античката грчка филозофија, како картагенецот Клитомах, првобитно наречен Хасдрубал, кој во вториот век стана управник на академијата во Атина.

Уште од порано може да се забележи влијанието на античкатат грчка уметност, или соработката на античките грчки уметници во ориенталските дела, како во гореспоменатите детали во времето на Александар Македонски кај Карнак и Луксор, или кај споменикот на Петосир во Хермопол, во периодот на Птолемеј I. Од друга страна, пак, нагласено е античкото Исток многу рано почна мешањето на културите, многу карактеристично за елинистичкиот период, и креирањето на сосема нов живот со реципрочно проткајување и навлегување на античките грчки и ориенталски елементи.

Надвор од сферата на ориенталската култура, античкта грчка уметност продолжи да се развива во Елада и на островите, особено на Родос, а исто така и во античките грчки градови на брегот на Мала Азија, како во Милет, Приена и Магнезија. Таа особено се одржа во Пергам, со прославувањето на победите на Атал и на Великиот Алтар.

Во Пергам борбата со Галатијците беше претставена како борба со „варварите” и така контрастот меѓу античките Грци и варварите се зачува како извор на старата здрава национална идеја, која, како што ќе се види, во другите места веќе беше исчезната. Во врска со тоа, во Пергам може да се најде стил на уметноста што ја оживува класиката, а од вториот век наваму тој стил се прошири низ целиот грчки свет.

На Исток, меѓутоа, немаше само мешање на културата, туку и на расата, што достигна големи димензии со текот на времето. Собранието на македонската војска во Вавилон по смртта на Александар Македонски ја одби оваа политика на мешање, а неговите наследници во Азија и во Египет не мислеа да го обноват тоа, туку ја продолжија националната античка македонска политика.

Сепак, постојаното населување на античките Македонци и на античките Грци заедно со ориенталците, како крајна последица – без акција на владите – предизвика напуштање на ова гордо гледиште на супериорност и готовност за склучување бракови со ориенталскиот сосед. Од средината на третиот век во Египет можат да се најдат првите докази за вакви мешани бракови. Во вториот век имаше антички грчко-египетско мешано население, дефинитивно формирано што постојано растеше.

Така, природните услови на животот, иако само овде-онде и во долните класи, водеа кон мешање на расите. Историскиот резултат беше различен од оној што Александар Македонскио го постигна. Додека тој мислеше исклучиво на мешање на Иранците, вистинското мешање се случи со оние народи со кои тој немаше намера, со Египќаните и Семитите.

AZ4

Александар Македонски се жени за Роксана

Основната идеја што доминираше кај Александар Македонски во последните години, горе-долу се реализира: стариот контраст меѓу „Гркот и варваринот” со ова мешање сосем исчезна. Александар Македонски со својата иранска политика и со нејзината кулминација – мешање на нациите, го прекина националниот принцип, иако во младоста многу посилно ја прифати панелинистичката идеја.

Се’ она што беше извршено во реалниот историски развој во текот на овие генерации не беше без влијание врз теоријата на филозофите. Несомнено, теоријата отиде подалеку од практиката. Киниците ги одржаа космополитските погледи во периодот пред Александар Македонски. Меѓутоа, овие идеи беа продлабочени од стоичката школа и го поставија темелот на нивниот нов поглед на светот, со што Александар Македонски ги исфрли бариерите меѓу античките Грци и варварите. Развојот на наредните генерации кои ги отстранија бариерите само ги зближија теоријата и практиката. Така елинизмот и во теоријата и во практиката го доби својот космополитски карактер.

Продолжува

 slavk

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *