Заев:Отворена вратата за соработка со сите партии за Македонија да не ја пропушти шансата

Премиерот Зоран Заев во рамки на седницата за поставување пратенички прашања најави дека останува можноста за соработка со сите партии и тие кои беа досега дел од владиното мнозинство, но и со партиите од опозицијата.

– Алијансата за Албанците ќе ги поддржи реформите и се што е во интерес на граѓантие и во интерес на ЕУ и НАТО интеграција. Верувам дека преку плодна дебата никогаш нема да ги затвориме вратите на соработка. Јас ја сакам соработката и со целата опозиција. Сакам соработка и со Беса и со ВМРО-ДПМНЕ и со нивните коалициски партнери, бидејќи сум убеден дека Македонија има една шанса што не треба да ја пропуштиме.  Навистина првата половина од 2018 година е одлична можност со одлична извесност, што никој докрај не може да го гарантира, по 12 години кандидатски статус да добиеме датум за почнување преговори. Можно е и да ја отвориме и автоматската покана од НАТО Алијансата. Навистина покрај тоа ние мораме да разговараме и со Грција, која има проблем со нашето уставно име, но мора да покажеме и конкретна имплементација на реформите, исакна премиерот.

Посочи дека останува можноста за отворени врати на соработка заради тоа што, како што рече, прво треба да соработуваме во интерес на граѓаните, а се надевам дека многу брзо и политички ќе се најдеме да продолжи соработката меѓу политичките партии кои досега ја составуваа Владата и беа дел од парламентарното мнозинство .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *