Премиерот Зоран Заев во рамки на седницата за поставување пратенички прашања најави дека останува можноста за соработка со сите партии и тие кои беа досега дел од владиното мнозинство, но и со партиите од опозицијата.
– Алијансата за Албанците ќе ги поддржи реформите и се што е во интерес на граѓантие и во интерес на ЕУ и НАТО интеграција. Верувам дека преку плодна дебата никогаш нема да ги затвориме вратите на соработка. Јас ја сакам соработката и со целата опозиција. Сакам соработка и со Беса и со ВМРО-ДПМНЕ и со нивните коалициски партнери, бидејќи сум убеден дека Македонија има една шанса што не треба да ја пропуштиме. Навистина првата половина од 2018 година е одлична можност со одлична извесност, што никој докрај не може да го гарантира, по 12 години кандидатски статус да добиеме датум за почнување преговори. Можно е и да ја отвориме и автоматската покана од НАТО Алијансата. Навистина покрај тоа ние мораме да разговараме и со Грција, која има проблем со нашето уставно име, но мора да покажеме и конкретна имплементација на реформите, исакна премиерот.
Посочи дека останува можноста за отворени врати на соработка заради тоа што, како што рече, прво треба да соработуваме во интерес на граѓаните, а се надевам дека многу брзо и политички ќе се најдеме да продолжи соработката меѓу политичките партии кои досега ја составуваа Владата и беа дел од парламентарното мнозинство .