Македонската Алијанса одамна предупредува дека допрва ќе излегуваат на виделина страшните последици за Македонија и Македонскиот народ од предавничките билатерални договори со Бугарија и Грција.
Директорот на Институтот за национална историја и член на мешовитата Комисија, Драги Ѓоргиев во пресрет на новата дводневна сесија во Скопје изнесе застрашувачки информации до каде се оди со ревидирање на Македонската историја. Тој потврди дека Бугарија не отстапува од идиотските тези дека Цар Самоил и Светите браќа и Македонски просветители, Кирил и Методиј се Бугари. И замислете позициите на нашите историчари се дека се работи за историски личности кои дејствувале пред 1000 години и затоа не било логично да се зборува за националност во тоа време. Според оваа логика, во идните учебници за историја нашите деца ќе учат дека Цар Самоил и Кирил и Методиј не биле Македонци туку космополити.
ЈАВНО ГИ ПРАШУВАМЕ, ЗАЕВ, ДИМИТРОВ И ШЕКЕРИНСКА, ЗОШТО ИСТАТА ЛОГИКА НЕ ВАЖИ ЗА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АНТИЧКАТА ИСТОРИЈА? ЗОШТО НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА ПРИФАТИ ДЕКА АЛЕКСАНДАР Е ИСКЛУЧИВО ГРК? ЗОШТО НА СИТЕ СПОМЕНИЦИ ОД ТОЈ ПЕРИОД СЕГА ЌЕ СЕ ЛЕПАТ ПЛОЧКИ ДЕКА СЕ ОД ХЕЛЕНСКО ПОТЕКЛО? ГО БРИШЕТЕ МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ! СРАМ И АРАМ ДА ВИ Е!
Страшно е признанието на Ѓоргиев дека најголемите разидувања се во согледување на настаните од 19 и 20 век. Според него Бугарија се чувствува триумфално и смета дека сега треба да докаже дека Македонците до 1944 беа Бугари, а по таа година станаа Македонци. Иако Бугарското Собрание го ратификуваше протоколот за членство во НАТО, ова уште потврда дека заканите на Каракачанов дека Македонија ќе остане во чекалната на ЕУ, воопшто не се случајни!
ИЗРОДИТЕ БАДИЈАЛА ЧЕКААТ АХМЕТИ ДА ИМ ГО ИЗБЕРЕ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИОТ КАНДИДАТ! НЕКА СИ ГИ ЧУКНАТ ГЛАВИТЕ! НАМЕСТО ДА ПРАВАТ НОВИ ПОЛИТИЧКИ ПАЗАРИ НА ШТЕТА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, НАЈДОБРО Е ВООПШТО И ДА НЕ ИСТАКНУВААТ КАНДИДАТ. ПРЕМНОГУ ГО ПОТЦЕНУВААТ СОПСТВЕНИОТ НАРОД! ЗА ЗУЛУМИТЕ КОН СЕ ШТО Е МАКЕДОНСКА СВЕТОСТ И ЧЕСТИТОСТ ЌЕ СИ ПОНЕСАТ ОДГОВОРНОСТ!
НАШАТА БОРБА ДОПРВА ПОЧНУВА!
НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА