Промоција на првиот македонски електричен автомобил – ЗАС Г20

Првиот македонски електричен автомобил развиен од тимот на ББ Класик Карс со кодно име ЗАС Г20 денеска ќе биде претставен во Скопје.

ЗАС Г20 има ретро дизајн и влегува во доменот на малите електрични автомобили.

Возилото, според податоците на производителот, има нулта емисија на јаглероден диоксид, досег со едно полнење до 150 километри во реални услови на возење, како и максимална брзина ограничена на 130 километри на час.

Времето на полнење изнесува 3-3,5 часа на домашен мрежен приклучок, исто толку и на јавен наизменичен приклучок, а на јавен брз еднонасочен полнач доволни се 15 минути.

ЗАС Г20 е резултат на повеќегодишно професионално ангажирање на тимот на ББ Класик Карс, во соработка и со поддршка на повеќе специјализирани  фирми и занаетчии, како и со финансиската поддршка на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *