НЕСТОРОВСКИ ГО ИГРА ПОСЛЕДНИОТ НАТПРЕВАР?

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски, побрзо од очекувањата ја санаираше повредата и се очекува да се појави во екипата на Палермо на натпреварот со Салернитана. Но, лесно може да се случи ова да биде и последниот натпревар на Несторовски во дресот на Палермо, со оглед на тоа дека Торино ја засилува кампањата за да го донесе во своите редови.

Напаѓачот на Торино, Андреа Белоти и понатаму е далеку од посакуваната форма, па се очекува со доаѓањето на Несторовски ситуацијата да биде сменета.

Понудата на Торино е седум милиони евра за македонецот, па на ред е Ѕампарини кој треба да се изјасни дали ја прифаќа или повторно ќе ја одбие. Инаку Несторовски има договор со Палермо до 2021 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *