Иванов: Членство во НАТО и пристапни преговори со ЕУ – единствен начин Македонија да се врати во нормала

Единствен начин Македонија да се врати во нормала е ако час поскоро влезе во НАТО и добие датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија, порача претседателот Ѓорге Иванов во Годишното обраќање во Собранието на Република Македонија.

– Очекуваме Европската унија да ја потврди својата политика на отворени врати. Република Македонија заслужено очекува на следниот самит да добие безусловена препорака и отпочнување на преговорите за полноправно членство. Со овој чекор Унија де јуре ќе ја препознае рамноправната и партнерската позиција на нашата држава кон градење на обединета, слободна и мирна Европа, рече Иванов.

Покрај европската интеграција, како што посочи Иванов, Република Македонија во континуитет покажува дека е доверлив стратешки партнер на НАТО Алијансата.

– Наредната 2018 година ќе се навршат две годишнини поврзани со НАТО: 25 години од едногласната одлука на Собранието од 23 декември 1993-та за стапување на Република Македонија во НАТО. И, 10 години од големото изневерување на нашите надежи на НАТО Самитот во Букурешт. Наредната 2018 година е можност НАТО да ја исправи неправдата од Букурешт. Тоа е историска шанса конечно да го завршиме она што го започнавме пред четврт век, рече Иванов во обраќањето во законодавниот дом.

Според него, се додека мнозинството на граѓани ги поддржуваат овие стратегиски цели должни сме да ги почитуваме.

– Но треба да имаме предвид дека краткорочните интерси на нашите партнери не секогаш кореспондираат со интересите на Република Македонија. Амбивалентноста кон Македонија денес е основа за нови кризи утре, рече претседателот Иванов

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *