Дедо Мраз на мотор по 10-ти пат во Куманово

Мото клуб „Мечки“ годинава по десетти пат ја организираше хуманитарната манифестација „Дедо Мраз на мотор“. Денеска членовите на мото клубот донираа новогодишни пакетчиња за 28-те корисници на услугите на Дневниот центар за деца со посебни потреби, кој е под надлежност на МТСП, лоциран кај градинката во близина на поранешната фабрика „Чик“.

– Ми претставува посебно задоволство, што годинава ја организираме јубилејната, десетта по ред акција, „Дедо Мраз на мотор“. Веќе долги години се познаваме со децата, тука сме да се дружиме“-изјави Јовица Гиновски од Мото Клуб „Мечки“.

Во дневниот центар услугите ги користат 28 деца со различна попреченост, умерена, тешка и со комбинирани пречки во психофизичкиот развој. За корисниците се грижи стручен тим составен од психолог, педагог, дефектолог, социјален работник, медицинска сестра и физиотерапевт. Оттаму изразија благодарност за донацијата и велат дека дружењето на децата со моторџиите е традиционално и освен пред новогодишните празници се реализира постојано, во текот на годината. Од стручниот тим најавија дека во моментов работат на создавање подготовки на лицата со попреченост за работно ангажирање.

– Во преговори сме со донатори за изгрдаба и опрема на сензомоторна соба наменета за сите лица со попреченост кои освен нашите корисниви ќе ја користат сите лица со попреченост во градот, велат од тимот.

Дневниот центар функционира 13 години. Надлежните од Центарот истакнаа дека имаат одлична соработка со сите чинители во локалната заедница, бизнис заедницата, невладини организации, со цел полесна инклузија на децата со попреченост во општеството. И родителите на децата со попреченост велат дека Центарот нуд соодветни услови за полесна инклузија, но и апелираа до институциите и бизнис заедницата да овозможат бесплатен превоз на децата до центарот, бидејќи возилото со кое се превезувале е во неисправна состојба веќе шест месеци.

 

One thought on “Дедо Мраз на мотор по 10-ти пат во Куманово

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *