Прилеп со богата програма за пречек на Новата Година

Со повеќедневна предновогодишна програма и со заедничка целодневна, ноќна и полноќна програма, Прилеп ќе ја пречека новата 2019 година.

Во пет дена до Новата Година со бројни перформанси, музика, концерти, претстави и прошетки на новогодишно украсеното градско вовче, со детски „Новогодишни бајки“, Прилеп подготви целосна новогодишна програма.

-Овие предновогодишни денови во тек се повеќе забавни активности, најмногу за најмладите. Така, до 30-ти декември по двапати на ден ќе се прикажува новогодишна претстава за деца „Новогодишна бајка“ во киното „Мис Стон“, во изведба на „Мал прилепски театар“. Секој  ден ќе се  изведуваат улични перформанси „Работилница во Лапонија“ во изведба на „Чин четири сцена пет“. Вклучено е и градското вовче како дел од сценографијата и перформансите што ќе се изведуваат на плоштадот во центарот на Прилеп во текот на денот во одредени временски интервали. Вовчето и џуџињата ќе се дружат и ќе се забавуваат и со креативниот базар, поставен во центарот, каде се претставуваат рачни изработки на креативните прилепчани. Се изработи и компакт диск- десет новогодишни хитови преведени на македонски, како дел од новогодишната парада, објаснува Јана Јанеска од прилепската локална самоуправа.

Во сета предновгодишна програма со перформансите активно е вклучено студиото „Зодијак“.

Новогодишната програма на 31 декември, в понеделник, почнува за најмладите, во 11 часот.

-Ќе почне со новогодишната парада од центарот на градот, вовчето ќе биде дел од парадата, а во него ќе се возат ликовите од новогодишната претстава, Дедо Мраз, џуџињата од уличниот  перформанс, како и ликови од детските претстави изведени преку целата година во Прилеп.  Вовчето ќе се движи низ улиците на Прилеп и ќе ги повикува децата на плоштад. Ќе се дружат со Дедо Мраз кој ќе подели 1000 новогодишни капи, компакт дискови и полнети чорапчиња. Ќе следува и концерт на преработки во рок, поп и џез верзии на детски македонски хитови,  во изведба на групата „The Four“, вели Јанеска.

Вечерната новогодишна програма на плоштадот „Методија Андонов – Ченто“ во центарот на Прилеп ќе започне на 31 декември од 21, 30 часот. За новогодишната атмосфера прво ќе се погрижи

Нино Величковски, потоа „Гоце Чоки и Фортисимо Бенд“, а одборјувањето за Новата 2019 година прилепчани ќе го следат со групата  „The Hounds“ и со огнените перформанси на „Agni Fire Dance“, а во првите часови од Новата Година ќе биде настапот на „Dj Dave Schwartz и Alek Zoung“ како дуо „Architek“.

За време на вечерната новогодишна забава во центарот на Прилеп ќе се служат топли напитоци.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *