Груевски: Новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ ќе каже дали пратениците ќе се вратат во Собранието

Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски смета дека за тоа дали пратениците ќе учествуваат во натамошната работа на Собранието, треба да  се праша новото раководство на партијата.

– Партијата има нов лидер и ново раководство и за тие прашања обратете се кај нив, рече Груевски одговарајќи на прашање денеска пред Кривичниот суд.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не учествуваат во работата на Парламентот, како револт поради тоа што беа уапсени нивните колеги кои учествуваа во настани во Собранието на 27 април.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *