Новогодишни пакетчиња за 1.000 деца во Делчево

Општина Делчево во соработка со бизнис-заедницата пред новогодишните празници ќе додели околу 1.000 новогодишни пактечиња за дечињата од детската градинка, за децата од дневниот центар, но и за учениците до петто одделение во основните училишта.

Градоначалникот Горан Трајковски, првите пакетчиња ги додели на децата од детската градинка „Весели цветови“, при што истакна дека општина Делчево сака да ги израдува најмалите.

– Традиционална е соработката со локалната бизнис заедница и Општина Делчево по повод новогодишните празници и со една цел да ги израдуваме нашите дечиња. Нема поубаво задоволство од насмеани и среќни детски лица. Во текот на оваа недела ќе ги посетиме и децата од Дневниот центар за лица со посебни потреби и двете основни училишта каде на сите дечиња од прво до петто одделение ќе им доделиме новогодишни пакетчиња, рече Трајковски.

И соседните општини подготвуваат новогодишни пакетчиња. Пехчево ќе подели 120, а Берово 340.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *