Чевларите од Куманово го слават Свети Спиридон – заштитник на занаетчиите

 Чевларството во Македонија учествува со еден процент во вкупниот извоз, од државата се извезуваат над милион и осумстотини илјади парчиња е дел од статистиката која денеска беше презентирана на прославата која се одржа во Занаетчкиот дом во Куманово, по повод Свети Спиридон, заштитинкот на занаетчиите.

Манифестацијата ја организираше Здружението на чевларите и општина Куманово. Во општината која се смета за предводник на чевларската индустрија, приближно функционираат од 60 до 70 претпријатија во која се ангажирани близу 3.500 работници од Куманово.

Државниот секретар во министерството за економија, Зоран Павловски рече дека наредната година се очекува пораст на извозот од оваа гранка.

– Она што сакам да го пренесам е дека во Министерството за економија, во секторот за мали и средни претпријатија, ќе продолжи програмата за субвенционирање на основни средства, алат и опрема што значи дека можат да се вклучат и чевлари од 300.000 денари, не повеќе од 70 проценти. Уште една програма која е во индустрија за длабинско снимање или за разни обуки специјализирани така што оваа година ќе имаме добра идеа за обука, јас лично знам дека во градот недостасуваат моделари, штепери кои ќе можат да конкурираат на таа програма и да се одржи токму во Куманово во некоја од чевларските работилници, а сигурно дека ќе имаат учество сите здруженија и комапнии од државата, рече Павловски.

Претседателката на здружението на чевлари од Куманово, Лидија Миланова, се заблагодари на присутните и на нивната поддршка за развој на оваа индустрија.

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, на одбележувањето на празникот на чевларите, посочи дека Куманово е препознатливо по чевларството и дека општината веќе има отпочнато проекти, меѓу кои и шопинг турата во рамки на проектот „Визит Куманово“.

– Со единствена цел да се подигне производството, а да се зголеми побарувачката на тој начин сметаме дека можеме како општина да дадеме само еден мал придонес во развој на нашето стопанство и на чевларството во нашиот град, изјави Димитриевски.

Најави дека во соработка со средното стручно „Перо Наков“, каде што има кожарска струка, а во консултација со бизнис заедницата ќе се обидат да креираат иновативни проекти, дизајн на чевли, финални преработки.

– За жал морам да констатирам дека пазарот трудот е таков каков што е и интересот кај нашите ученици е опаднат во делот на изучување на овој занает, затоа сакам заедно во рамките на можностите заедно со бизнис заедницата да се обидеме да го подигнеме чевларството на повисоко ниво. Општина Куманово ви стои целосно на располагање во делот на реазлирација на заеднички кампањи и она што значи маркетинг за општина Куманово во делот на традицијата, занаетчиството и чевларството, рече Димитриевски.

Тој го честиташе празникот и ги повика присутнните да ги користат домашните производи .

Бизнис заедницата од овој сектор постојано бара нов и квалификуван кадар за индустријата во која речиси секогаш има слободни работни места. Во изминативе години преку Центарот за вработување Куманово и преку стручното училишта „Перо Наков“ во Куманово се реализираа обуки за преквалификација за работници токму за оваа индустрија.Во деновите од викендот,туристи од соседните држави и од другите градови од Македонија ги посетуваат бројните салони за продажба на готови производи, а голем дел од домашните потрошувачи нарачуваат уникатни производи од чевлари кои рачно изработуваат, чевли, чизми, патики, чанти, каиши, паричници…

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *