Александар Македонски во оазата Сива во Египет

Од записите на Славе Николоски – Катин за Александар Македонски …

Античките колонии на соседниот град Кирен во тоа време имаа трговски врски со оазата која беше многу богата со урми. Тие беа првите кои го идентификуваа Амон со нивниот Зевс, а овој Амон беше како гранка на Амон од Теба и Горен Египет. Тие беа први кои го ставија на своите ковани пари ликот на Зевс со рогови на овен свиткани околу ушите, исто онака како што имаше Амон. Од Кирен верувањето во пророштвото се рашири насекаде во античкиот свет.

Пиндар нанапиша црковна песна за господ, а подоцнежните податоци покажуваат дека веруањето во пророштвото се зголеми. Со пороштвото се консултираа Цимон, Лисандер и други. Тоа е посебно истакнато во делото “Птици” од Аристофан, а заедно со Делфи и Додона постојано добиваше повисок ранг. Кратко пред посетата на Александар Македонски и Атињаните изградија во Атина свето место посветено на Амон, кого го боготвореа веќе со д ецении.

На тој начин може да се разбере зошто Александар, доколку чувствуваше потреба од вистински одговор, ја искористи можноста на својот престој кај морскиот брег на Египет, каде што значително беше поблиску до Бога, да се консултира со пророштвото. Покрај примарни мотиви потврдени во изворите, тој со задоволство го прифати ефектот од пророштвото што им одговараше на античките Грци. Со оглед на големата важност на нивната приврзаност кон пророштвото, Александровата предприемчивост во овој случај наиде на религиозно одобрување во нивните очи.

Калистен, неговиот дворски историчар кој го придружуваше при патувањето во пустината и направи одличен опис за тоа, кажува дека Александар Македонски отишол во Амон не само поради наводната непогрешливост на неговото пророштво туку и затоа што имал амбиции против соперникот Персеј и Херакле кои исто така претходно се консултирале со Господ.

Ако се земе превид колку Александар Македонски јасно ги сфати сродните односи со своите херојски прадедовци од својата раса, овааа изјава е веродостојна и одговара на сликата што треба да ја направи за него.

Тој можеби го пренел овој мотив во официјална прокламација на своите пријатели и единици штп го шридружуваа, со цел да го поттикне нивниот морал за да ги издржат претстојните маки во маршот низ пустината.

Кога Александар тргна кон запад од местото Ракот по должината на морскиот брег, ги сретна амбасадорите на Кирен, кои му изразија почит од нивниот град. Тие му донесоа вредни подароци и го поканија да го посети Кирен и неговите потчинети градови. Според изворите, едноставно се потврдува дека Александар Македонски склучил сојуз и пријателство со Киренците.

 

Може само да се претпостави колку бил задоволен со ова неочекувано признание на неговата моќ и колку безволните очи на завојувачот се завртеа кон запад, каде што со приклучувањето на киреничкото подрачје неговиот простор се прошири до Сиртите и до границите на Картагенската империја.

Кога стаса до Параетониум сврте кон југозапад по стариот каравански пат што води кон оазата и патуваше околу дванаесет дена. Овде неговите Македонци првпат се запознаа со стапиците и опасностите што се случуваа при патувањето во пустина. Бидејќи порано повлекувањето на морето кај памфилијанскиот брег и’ се припишувало на директната интервенција на боговите, така сегашната божја заштита беше потврдена со дождот што заврна, зашто се намали количеството на вода што ја носеа во кожи на грбовите од камили.

По неколку дена јужната песочна бура и топлиот пустински ветер таканаречен симун го затрупа патот со големо количество песок. Тогаш водичите информираа дека два гаврана гракаат и летаат пред нив. Александар Македонски нареди да се следат гавраните, верувајќи дека Господ ги испратил за да им го покаже патот во знак на милост кон посетата.

Овие прикаски се сметаа дека се литературни украсувања или инвенција на Калистен. Но, во сето тоа се гледа високото религиозно чувство на ациите, што се јавува поради ужасот во пустината и поради опасноста од смрт која ги претвора природните појави во натприродни чуда.

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може точно да се лоцира местото на цитаделата.

Од тој храм е зачувана големата порта на предната колонада, крунисана со егишетски лак кој лежи во храмот на свештениците зад гробиштата. Исто така е зачувано и внатрешнто свето место и неколку декорирани sидови со релјев и хиерогливски натписи.

Калистен во своето раскажување за посетата на Александар Македонски вели дека давањето на пророчки одговори било вообичаен ритуал. Ова е потврдено со ритуалот во храмот на Амон во Теба, а храмот во оазата беше само дел од тој храм. Според Калистен, одговорот на пророкот не беше даден како во Делфи и Бранхида.

Идолот на Богот во форма на курбан беше носен во дворот околу храмот во канџи на плеќите на свештениците во свечена процесија, придружена од распеани девојки и матрони (стари немажени девојки). Неговата желба беше изразена преку идолот, носен од свештеници кои се вртеа “мавтајќи” со главите и пеејќи.

Главниот свештеник како олицетворение на пророкот ги објасни овие сигнали како прифаќање или одбивање, како последица несомнено на примитивни традиции, а потоа го најави консултантот.

Човек би можел да претпостави дека возбудата на свештениците беше како онаа од вознемирениот рид на мравките, кога од височината на Агхурми во далечината видоа дотогаш невиден каравам кој доаѓа со болскотливо оружје, а се рашири веста дека доаѓа новиот Египетски крал, бидејќи никогаш порано не се случило фараон да ја посети оазата. Подготовките за свечениот прием мораа да бидат направени многу брзо.

Некои свештеници без двоумење беа испратени да го пречекаат кралот и неговата придружба надвор од влезот и да ги запознаат со својот традиционален церемонијал пред да влезат во храмот. Со оглед на постојаните контакти со античките акции, се претпоставува дека во ова големо свештеничко братство имало доста свештеници кои зборувале антички грчки јазик.

Така им беше најавено на посетителите дека само Александар Македонски како фараон  може  и без промена на облеката да влезе во храмот на свештениците што беше ограден со трем наречен “Свет на Световите”, а неговата придружба откако ќе направи извесни измени во облекувањето што се запишани во церемонијалот. Во меѓувреме,се појави пророкот.

Тој беше еден почитуван стар човек, кој нареди идолот да биде носен од свештениците надвор од “Светот на Световите” во дворот на храмот, тука да го поздрави Египетскиот крал колку што е можно побрзо и тргна лично да го пречека пристигнувањето на кралот.

Кога Александар Македонски со својата свита, раководен од свештениците, побара да се сретне со пророкот, влезе во дворот на храмот, а тој тргна да го прими и му се обрати според египетскиот церемонијал, но секако на антички грчки и го поздрави како “син на Амон” во името на Бога. Само што останаа сами во храмот на свештениците, Александар му постави прашање на пророкот. Потоа поворката со идолот направи како што погоре е опишано, а пророкот го најави одговорот на Господ за кралот во “Светот на Светотивите.

Кога Александар Македонски се врати во дворот на храмот, неговите пријатели нетрпеливо го прашаа што се случи, а тој им рече дека ништо повеќе од тоа што “тој го слуша, а е во согласност со неговата желба”.

Некои од неговите пријатели ја искористија можноста да му постават прашање на Бога во своја лична корист. Тие истотака добија одговор според опишаниот обред, со медитација на пророкот, но надвор, во дворот на храмот како обични аџии. Сето ова се случи јавно.

Како што покажува одговорот на Александар Македонски на прашањата од своите пријатели, разговорот го задржа како тајна. Веројатно имаше лични причини што го направи тоа. Но, можеби и пророкот му има укажано одговорот да го заува во тајност, според египетските правила, бидејќи Господ му зборувал на својот син.

Александар бездруго чуваше тајни. Веднаш потоа тој и’ напиша на мајка си Олимпија, известувајќи ја дека ги примил тајните директиви што ќе и’  ги соопшти веднаш по враќањето во Македонија. Бидејќи тоа никогаш не се случи, Александар ја однесе тајната в гроб. Затоа нема да се дознае какво прашање му поставил на пророкот.

Поради тогашната воена и политичка ситуација повеќе од сигурно беше дека прашањето се однесувало на неговата иднина. Меѓутоа, како тој го формулирал тоа, колку требало да се прошири, дали се однесувало само на претстојните борби со Дариј, или и на вистинското добивање суверенитет на Азија што го бараше тој по Ис, или намерата му била да го освои целиот свет, сето тоа веќе беше во неговата глава и не се измени во наредните години од неговиот живот. За сето тоа знаеше само Амон, а ние никогаш нема да дознаеме.

 

Продолжува

Александар Македонски во Сива.

Александар Македонски во Египет.

One thought on “Александар Македонски во оазата Сива во Египет

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *