Излезе од печат стихозбирката „Поезијата – мојот живот“ на Рада Видиновска од Торонто

По повод одбележувањето на 30-годишниот јубилеј на Литературното друштво то „Браќа Миладиновци“ од Торонто, Канада, излезе од печат стихозбирката „Поезијата – мојот живот“ од Рада Видиновска. Ова значајно дело е четиринаесетто поетско остварување на познатата и призната македонска поетеса Рада Видиновска, која била претседател и е една од најактивните членови на Литературното друштвото „Браќа Миладиновци“, кое е гранкана Соборната македонска православна црква „Свети Климент Охридски“ од Торонто.

Стихозбирката „Поезијата – мојот живот“ (2018, 1-160) која содржи сто поетски остварувања на поетесата Рада Видиновска е издание на издавачката куќа „Македонска искра’“ од Скопје. Во нејзината поезија се испреплетени нејзините две татковини, Македонија и Канада. Затоа поетските дела што таа ги напишала претставуваат убав пример и патоказ на една честита и трудољубива канадска Македонка, на која татковините ѝ е се’ и радост и тага и восхит…

Рада Крстевска-Видиновска е Канаѓанка од македонско потекло, родена во селото Живојно, Битолско. Таа ја напуштила својата родна земја – Македонија, меѓутоа, спомените, мислата, љубовта, тагата и патриотскиот дух кон татковината и својот народ не ја напуштиле. Ваквите проникнувања на овие хоризонтали во животот на Рада Видиновска и нејзиниот сопруг Борис (Борче) Видиновски, како и сите Македонци ширум светот, ја откриваат сликата за библиската природа на древната земјата на нивното потекло – Македонија.

Во 1970 година, Рада и Борис (Борче) Видиновски со своето семејство ја напуштиле Македонија и емигрирале во Канада, во Торонто, каде, во текот на изминатите четириесеттина години активно се вклучиле во македонските иселенички организации и црковни општини.
444Членови на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“

Демократска Канада е земјата каде Рада Видиновска стана македонски иселенички писател, поет, есеист и раскажувач. Затоа, може да се рече дека во нејзините скромни поетски рамки и преку нејзините дела се проектира македонската иселеничка историја. Таа е личност за почит и пример од кој можат и треба да се огледаат и други Македонци во двете татковини, Канада и Македонија.

Поетските дела на Рада Видиновска се промовирани на многу места во Република Македонија и на северноамериканскиот континент. Тоа придонело таа да е прв лауреат на наградата „Иселеничка грамота“ во 1992 година, што за првпат Матицата на иселениците од Македонија ја додели на „Струшките вечери на поезијата“ за најдобар поет од дијаспората. Рада е член на Друштвото на писателите на Македонија од 1994 година, а, исто така, и член на Медитеранската академија „Браќа Миладиновци“ од Струга.

Стихозбирката Поезијата – мојот живот“, која содржи дел од нејзиното поетско остварувања од нејзините тринаесет стихозбирки, ќе остане таа вечно да се сеќава на сите нејзини објавени дела. Истовремено најновата стихозбирка ќе остане како значаен иселенички документ за бројни поетски настани, дејства, личности, простори и збиднувања.

Сите четиринаесет поетски дела што ги напишала Рада Видиновска претставуваат убав пример за една трудољубива иселеничка чија животната приказна, истовремено, е и скромен дел од историјата на нејзиното родно Живојно и Крстоар, (местото на брачното живеење со Борис Видиновски), на Македонците во дијаспората, а преку нив и на нивната татковина – Македонија.

Затоа, со право може да се каже дека Рада Видиновска во делото “Поезијата – мојот живот“ со нејзините поетски видувања настојува да навлезе во суштината на македонското и канадското живеење, на иселеничката вистина, слобода, иднина… Оттука и сознанието дека при општењето со ова дело нѐ прави побогати за уште едно ново и продлабочено видување на поетското пренесување на земјата и народот на кој им припаѓа Рада Видиновска, која е горда што се чувствува како канадска Македонка или македонска Канаѓанка.

Пишува; СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *