Средновековна црковна поезија – Акатис на Пресвета Богородица

Кондак 1.

Глас 8

Тебе Богородице, поборнице – војвотко, ние Твоите слуги, откако се избавивме од зло, Ти пееме победна и благодарствена песна. Ти имаш непобедива сила, ослободи не од секакви опасности, за да Ти пееме: Радуј се, Невесто неневесна.

1 Статија

Икос 1

Ангелот претставител беше испратен од небото да ù рече на Богородица: радуј се! И гледајќи, дека Ти, Господи, истовремено со овој бестелесен глас, се овоплотуваш, стоеше вчудоневиден и и велеше вака:

Радуј се, од Тебе ќе изгрее радоста; радуј се, преку Тебе ќе исчезне клетвата!

Радуј се, преку Тебе се врати паднатиот Адам; радуј се, преку Тебе Ева се избави од солзи!

Радуј се височино, тешко достижна за човечката мисла; радуј се, длабочино, во која и со ангелски очи тешко се проникнува!

Радуј се, зашто си царски престол; радуј се, зашто Го носиш Оној што носи се!

Радуј се, ѕвездо, што го известуваш сонцето; радуј се, утробо, на божественото овоплотување!

Радуј се, преку Тебе се обновува созданието; радуј се, преку тебе му се поклонуваме на Творецот!

Радуј се, Невесто неневесна!

Кондак 2

Светата, гледајќи се чиста, смело му вели на Гаврила: Твоите чудни зборови тешко коже да ги прими мојата душа, зашто зборуваш за раѓање од бессемено зачнување и велиш: Алелуја!

b2Света Богородица во Скопје

Икос2

Сакајќи да го разбере недостижното за разумот, Дева извика кон Божјиот слуга: Кажи ми како е можно да се роди син од чиста утроба? А тој со страв се сврте и вели вака: Радуј се тајнице на неискажливата светлина; радуј се, тивка веро на оние што се молат! Радуј се, Ти си почеток на Христовите чуда; радуј се, Ти си основа на неговите вистини!

Радуј се, лествицо небеска, no која Бог слезе; радуј се, Ти си мост по кој поминуваат луѓето од земјата на небото!

Радуј се, чудо преславно за ангелите, радуј се, Ти си најстрашен пораз на демоните!

Радуј се, зашто неискажливо ја роди светлината; радуј се, зашто никому не кажа, како стана тоа!

Радуј се, зашто го надминуваш знаењето на премудрите; радуј се, Ти го озаруваш умот на верните!

Радуј се, Невесто неневесна!

ИкосЗ

Откако Го прими во својата утроба Бога, Дева бргу отиде кај Елисавета, чиј младоженец, штом го позна нејзиниот поздрав, се радуваше и со играње, како со песни, викаше кон Богородица:

Радуј се, вејче, од неовенлива гранка; радуј се, Ти си плод бессмртен!

Радуј се, Ти го роди Човекољубецот; радуј се, Ти го роди сејачот на нашиот живот!

Радуј се, ниво, изобилна и плодородна; радуј се, трпезо на изобилно очистување!

Радуј се, Ти правиш да цути рајот на убавините; радуј се, зашто Ти го подготвуваш пристаништето за душите!

Радуј се, пријатно молитвено кадило; радуј се, чистителко на целиот свет!

Радуј се, Божјо благоволение кон смртните; радуј се, смелост на смртните кон Бога!

Радуј се, невесто неневесна!

Кондак 4

Имајќи во себе бура од помисли на сомневања, чистиот Јосиф се смути кога Те гледаше Тебе безбрачната и си мислеше, Пречиста, дека си згрешила. Но, кога разбра дека си зачнала од Светиот Дух, рече: Алелуја!

2 Статија

Икос 4

Откако пастирите ги слушнаа ангелите како го воспеваат Христовото доаѓање во тело, потрчаа кон Hero како при пастир, Го видоа како пречисто јагне, отхрането во утробата на Марија, запеаја и извикаа:

Радуј се, Мајко на јагнето и на Пастирот; радуј се, трло на духовните овци!

Радуј се, Заштитнице од невидливите непријатели; радуј се, преку тебе се отворија рајските врати!

Радуј се, небеските се радуваат заедно со земните; радуј се, земните ликуваат заедно со небесните!

Радуј се, немолчешка уста на апостолите; радуј се, непобедна смелост на мачениците!

Радуј се, Ти си тврда поткрепа на верата; радуј се, светло познание на благодатта!

Радуј се, преку Тебе адот беше оголен; радуј се, преку тебе се облековме во слава!

Радуј се, Невесто неневесна!

Кондак 5

Откако ја видоа богоиспратената ѕвезда, мудреците одеа по нејзините лачи, и, имајќи ја за свој светилник, со неа го бараа силниот небесен Цар, а кога пристигнаа при Недостиж-ниот, се израдуваа и му пееја: Алелуја!

Икос 5

Синовите халдејски го видоа во рацете на Дева Оној што со рака ги создал луѓето. Иако во вид на слуга, во Hero Го познаа Господа, побрзаа со дарови да My послужат и да ù пеат на Богородица:

Радуј се, Мајко на Свездата што не заоѓа; радуј се, зоро на Божјиот ден!

Радуј се, Ти го изгаси огнот на страстите; радуј се, Ти ги просветуваш тајниците на Светите тројца!

Радуј се, Ти му ја одзеде власта на нечовечниот мачител; радуј се, Ти го покажа Човекољубецот, Господ Христос!

Радуј се, Ти избавуваш од варварско идолослужење; радуј се, Ти ни помагаш да се ослободиме од лоши дела! Радуј се, Ти го прекрати поклонувањето на огнот; радуј се, Ти не ослободуваш од пламенот на страстите!

Радуј се, Ти ги учиш верните на целомудрие; радуј се, Ти си радост за сите народи!

Радуј се, Невесто неневесна!

Кондак 6

Мудреците станаа богоносни проповедници, се вратија во Вавилон и го исполнија прет-скажаното за Тебе; им проповеда на сите дека си Ти Христос и го оставија Ирода како празнословец, кој не знае да пее: Алелуја!

Икосб

Спасителе, во Египет ја покажа светлината на вистината и ја изгони лагата на темнина-та; идолите паднаа не можејќи да ја истрпат Твојата сила, а оние што се спасија, извикаа кон Богородица:

Радуј се, Ти ги поправаш луѓето; радуј се, Ти ги соборуваш бесовите!

Радуј се, Ти си ја победила силата на заблудата; радуј се, Ти си ја изобличила идолската измама!

Радуј се, море што го потопи духовниот фараон; радуј се, карпо, што ги напои жедните за живот!

Радуј се, огнен столбу, Ти ги водиш оние што се во темнина, радуј се, Ти си свет покров, поширок од облак!

Радуј се, Ти си храна, што ја замени маната; радуј се Служителко на светата радост! Радуј се, ветена земјо, радуј се, од Тебе тече мед и млеко! Радуј се, Невесто неневесна!

Кондак VII

Кога наближуваше денот Симеон да се пресели од овој лажовен век, Те дадоа нему в раце како детенце, Но, тој Тебе Те позна и како совршен Бог, се чудеше на Твојата неис-кажлива премудрост и пееше: Алелуја!

b3

3 Статија

Икос 7

Кога се роди Создателот, нам, на создадените од Hero, ни го покажа своето ново созда-ние. Тој изникна од бессемена утроба и ја запази невина како што беше, та, гледајќи го чу-дото, да извикаме и да запееме:Радуј се, нетленен цвете; радуј се, Ти си венец на воздржувањето!

Радуј се, светол образ на воскресението, радуј се, Ти го откриваш ангелскиот живот!

Радуј се, Ти си плодоносно дрво на светлината; радуј се, од Тебе се хранат верните; радуј се, разлистено добросенчесто дрво, под Тебе мнозина се потслонуваат!

Радуј се, Ти си го носела во утробата Избавителот на пленетите; радуј се, Ти си го родила Учителот на заблудените!

Радуј се, Ти го молеше праведниот Судија; радуј се, преку тебе им се проштеваат гревовите на мнозина!

Радуј се, облека на лишените од смелост; љубов што победува секаква лоша желба!

Радуј се, Невесто неневесна!

Продолжува

Пишуваат:

Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВКА-АНТИЌ и

СЛАВЕ КАТИН