ССНМ ќе доделува годишна награда „Медиум промотор на новинарството како јавно добро – Роберто Беличанец“

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) ќе доделува годишна награда „Медиум промотор на новинарството како јавно добро“, која ќе го носи името на прерано починатиот борец за слобода на изразување и експерт за медиуми – Роберто Беличанец.

Синдикатот ја воспоставува годишната награда, тргнувајќи од премисата дека демократско општество кон кое Македонија се стреми е можно само доколку новинарството се третира како јавно добро, како инструмент преку кој власта е под постојана контрола и преку кој се заштитува јавниот интерес, наведува самостојниот синдикат. 

ССНМ истакнува дека медиумите се платформата преку која новинарите и медиумските работници комуницираат со граѓаните и без слободни медиуми кои го разбираат концептот на јавно добро и јавен интерес не е можно остварување на потребното влијание за исполнување на главната функција на новинарството.

Самостојниот новинарски синдикат ги повикува сите новинари и медиумски работници да номинираат медиум за кој сметаат дека го заслужува ова признание кое сметаме дека ќе биде не само поттик за медиумот, туку и за новинарите и медиумските работници.

Признанието ќе се додели на медиумот кој ги задоволува следниве критериуми – континуирано чувство за општествена одговорност, третирање на новинарството како јавно добро преку залагање за слобода на изразување, придржување до кодексот на новинари, третирање на теми од јавен интерес… како и коректен однос кон вработените – почитување на нивните работнички и професионални права.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *