СДСМ: Во 2019 започнува целосна реформа на системот за социјална заштита, создаваме фер систем кој извлекува од сиромаштија и нуди повеќе услуги за граѓаните

Мерките во предлог Буџетот за 2019 обезбедуваат социјална праведност, повеќе пари кај граѓаните, зголемена социјална помош до 300 отсто, над 60.000 деца добиваат детски и образовен додаток.

Реформите во социјалната сфера, вклучени преку мерки во предлог Буџетот за 2019 година, обезбедува и унапредување на системот за социјална заштита, поголема социјална праведност, повеќе пари и кај најранливите граѓани.

Во 2019 започнува целосна реформа на системот за социјална заштита, создаваме фер систем кој извлекува од сиромаштија и нуди повеќе услуги за граѓаните, за што во Буџетот ќе се обезбедат дополнителни 2.2 милијарди денари.

Преку воведување на гарантиран минимален приход и „семеен пакет на права“ се обезбедува значително поголема парична поддршка на социјално загорзените семејства.

Примателите на социјална помош, добиваат и до 300 отсто зголемена помош. Истовремено, се олеснува пристапот до надоместокот на 24 000 домаќинства кои во моментот добиваат социјална помош, а се отвора можност да бидат опфатени и дополнителни 11.000 домаќинства.

Повеќе од 60.000 деца добиваат детски и образовен додаток коишто ќе имаат за цел да извлекуваат од детска сиромаштија.

Истовремено, ќе се спроведат интензивни мерки за подготовка и активација на граѓаните од социјално ранливите категории на пазарот на трудот.

СДСМ останува посветена на заложбите за градење на фер и праведно општество, преку спроведувањето на зацртаните мерки што се во интерес на граѓаните.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *