Османи на проштална средба со естонскиот амбасадор Ерик Шаер

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи се сретна со нерезидентниот амбасадор на Република Естонија за Република Македонија, Даниел Ерик Шаер, кој по повод истекот на неговиот мандат е во посета на земјава.

– Естонија претставува успешна европска приказна, модел од кој Македонија стекнува важни искуства, и чија континуирана поддршка има особено значење за нашите европски интеграции, истакна Османи.

Вицепремиерот изрази искрена благодарност до амбасадорот Даниел Шаер, за континуираната поддршка од неговата земја, но и за неговото лично залагање во изградбата на пријателството меѓу двете земји.

– Македонија се наоѓа во последната подготвителна фаза пред почетокот на преговорите со Европската Унија, и во овој момент поддршката од пријателите има особено значење за нашиот успех, истакна Османи, посочувајќи на напредокот во исполнувањето на обврските на земјава, како во имплементацијата на спогодбите со соседите, така и во адресирањето на реформските приоритети.

На крајот од средбата Османи ја реафирмираше благодарноста на Владата за досегашната успешна соработка меѓу двете земји, посакувајќи му притоа успех на Ерик Шаер во неговиот натамошен професионален ангажман, соопшти

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *