Со прикажување видео снимки од безбедносните камери во Собранието, денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за случувањата во Парламентот на 27 април 2017 година.
Во судница се присутни сите 33 обвинети, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок и двајца за поттикнување. Претседател на судечки совет е Добрила Кацарска. Јавни обвинители се Вилма Рускоска и Ивана Трајчевска.
Обвинителката Рускоска на почетокот на денешното рочиште во однос на приговорите од одбраната изнесени на минатото рочиште, рече дека ЈО не е кинотека па да обезбедува ЦД-иња од видео материјалот и Обвинителството во иднина ќе се држи исклучиво до законските обврски и на одбраната исклучиво ќе и биде презентиран видео материјалот и ќе биде овозможено да направи препис.
– Во однос на приговорите за монтирани снимки. Обвинителството нема што да крие, уште помалку, да сече, лепи и монтира. Предлагам спорните снимки за одбраната да бидат повторно и во целост презентирани, рече Рускоска.
Судијката Кацарска, рече дека нема да дозволи повторно гледање. Адвокатот на одбраната Петар Василев бараше да му биде доволено да даде приговор. Судијката не му дозволи и го предупреди дека ќе биде казнет ако продолжи да зборува без даден збор.
Се прегледува снимка од камерата пред вратата од кабинетот на поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељановски. Се гледа движење од членовите на неговото обезбедување, како и на обвинетите Горан Ѓошевски и Елена Божиновска, како и Иван Цветановски. Потоа се појавува обвинетиот Никола Митревски Кољо, со фантомка што ја симнува и доаѓа до Абдулфета Аљими и обезбедувањето. Се гледа како толпата која влезе во Собранието доаѓа до кабинетот, а потоа дел враќа по скалите надоле. Се појавуваат и лица со фантомки и облечени во црно, од кои обвинителката ги посочува Стефан Младеновски и Митре Митроповски.
За случајот „27 април“ обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување. На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко
Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.
Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.
Very well written! The insights provided are very valuable. For additional information, check out: LEARN MORE. Looking forward to the discussion!