Писмена реакција за интервјуто на Н.Коsијас за „Крити ТВ“

Почитувани,

Полека но сигурно се одмотува клопчето околу оставката на Никос Коsијас. Интервјуто на поранешниот шеф на Грчката дипломатија за Критската ТВ покажува дека Алексис Ципрас во внатрешната Владина битка за концептите во надворешната политика, застанал зад радикалниот Министер за одбрана Панос Каменос. Значи, Грчкиот Премиер застанал зад позициите на Каменос дека Договорот Заев-Ципрас е политички мртов, ги преќутил сериозните обвинувања дека преговорите се лична игра на Коsијас, дека Џорџ Сорос ја финансира Грчката Влада за да „купува странци“ и индиректно го поддржал планот „Б“ предложен во Пентагон за формирање на Балкански безбедносен коридор како алтернатива за членството на Македонија во НАТО Алијансата. Уште повеќе Коsијас тврди дека без негово знаење постои согласност меѓу Ципрас и Каменос за да се отвори во Грчката Влада повторно прашањето за Договорот со Македонија во март пред гласањето на ратификацијата во Грчкиот Парламент. Каменос се заканува дека ќе ја турне Владата пред гласањето во Грчкиот Парламент и дека нема никогаш да се согласи името Македонија да биде содржано во решението на спорот.

МАКЕДОНСКИ ПРАТЕНИЦИ ОД СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ И ДРУГИ ПАРТИИ СО КОЈ УМ ВЛЕТУВАТЕ ВО УСТАВНИ ИЗМЕНИ ПРОТИВ ВОЉАТА НА СОПСТВЕНИОТ НАРОД? ЗАРЕМ НЕ ЈА ПРЕПОЗНАВАТЕ НОВАТА ВАЛКАНА ИГРА НА ОФИЦИЈАЛНА АТИНА? ЦИПРАС ЈАВНО ЗБОРУВА ДЕКА ИМА МНОЗИНСТВО ДА ГО ПОМИНЕ ДОГОВОРОТ ВО ПАРЛАМЕНТОТ, А ТАЈНО СЕ ДОГОВАРА СО КАМЕНОС И КОSИЈАС КАКО ДА ГО МИНИРА!

Македонската Алијанса ги повикува пратениците да излезат од партиските стеги и да престанат да се жртвуваат за кариерите на тројца предавници кои не можат да го спроведат совојот кукавички чин. Има историски лекции на кои мора да се потсетиме. Ако Грција ја прекрши Времената Спогодба за што е осудена од Хашкиот Суд и пред 10 години му се спротистави на Претседателот на САД, Џорџ Буш, нема ниту една причина да веруваме дека сега ќе биде поинаку!

НЕ ВЕРУВАЈТЕ НА ШАРЕНИТЕ ЛАГИ НА НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА! НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ УШТЕ ЕДНО ОГРОМНО ПОНИЖУВАЊЕ НА ТАТКОВИНАТА! ДА ГИ ЗАЧУВАМЕ МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ!

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *