ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДСМ свесно ја втурнува државата во вештачка економска криза

Власта е неспособна да го реализира ветеното. Неработата и неспособноста се главна одлика на оваа влада и затоа прави ребаланс. Недозволиво е држава во развој како Република Македонија да има економски раст од 1, 2 или 3% и ниво на капитални инвестиции за осум месеци од само 23.3%.

Класичен дебакл и одраз на елементарно незнаење е за осум месеци нивото на реализирани капитални инвестиции да биде очајни 23.3%. Економијата тоне во секој аспект, а секој следен чекор на власт го забрзува процесот на тонење.

Заев и Тевдовски мора да одговорат. Дали СДСМ свесно ја втурнува државата во вештачка економска криза заради насилно туркање на договорот од Преспа, кој според ставот на граѓаните од референдумот е правно – политички мртов. Дали со лошото работење со економијата се доведени во прашање редовните исплати на пензии и социјални трансфери? И дали економијата на Република Македонија е пред крах и пред банкрот? Неизвесноста кај економските субјекти од ваквите политики е доведена на високо ниво.

Заев ветуваше раст на економијата од над 5%, во сите години од мандатот. Првата година ја заврши со 0%, а оваа се движи на линија на преживување. Ова  го потврди и ММФ, кои ја намалија проектираната стапка  на раст за оваа година на ниски 1.6%, во услови кога  регионот и Европа галопираат.

За катастрофата во економијата директно е виновен Зоран Заев. Ниту една влада во Република Македонија до сега не покажала толкаво ниво на неспособност. Ветуваа 600 километри нови автопати, 550 километри нови магистрални патишта и над 1.000 километри локални патишта до крајот на мандатот во декември 2020 година. Половина од времето им помина, а ништо од ова не  е ниту на повидок.

Влада што не е способна да реализира проекти, подобро е да им ги остави парите на располагање на фирмите и на граѓаните одошто да им ги одзема а потоа да не знае што да прави со нив. Влада која економијата ја уназадува не треба да биде на чело на државата. Оваа влада мора да си оди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *