Писмена реакција за пленарната седница за Уставни измени

Почитувани,

 

Немакедонската Влада е во тежок очај! Цела недела ги слушаме Заев, Димитров и Шекеринска како тврдат дека речиси 20 опозициски пратеници биле подготвени да го гласаат нивното велепредавство, а денес актуелниот Премиер на јавна сцена понуди амнестија за настаните од 27 април! Јасно е дека уште ќе се обидуваат со злоупотреба на сите репресивни методи на власта да скршат некои пратеници на ВМРО ДПМНЕ, но клучното прашање дали во владејачкото мнозинство сите се согласни да го поддржат обезличувањето на Македонскиот народ?

 

Македонската Алијанса ги повикува пратениците на СДСМ, НСДП, ЛДП, ДОМ и другите, добро да размислат дали е умно по секоја цена да ги следат Заев, Димитров и Шекеринска. Ако не гласате бидете сигурни дека ќе застанете на вистинската страна на историјата! Не потклекнувајте на притисоците и лагите дека Македонија ќе се распадне ако не помине кукавичкиот Договор со Грција. Не е точно дека ако сте против Уставните измени, сте против ЕУ и НАТО Алијансата! Дали го знаете одговорот на Европските и Светски лидери на прашањето дали би го смениле името, идентитот и историјата на вашите народи и Држави? Јас сум го поставил во повеќе прилики и нивниот одговор е експлицитен – „NO WAY“! Ние ги разбираме нивните мотиви и стратешки интереси за да го поддржуваат договорот Заев – Ципрас, и нека бидат сигурни дека Македонија никогаш нема да го напушти стратешкиот колосек. Со досегашното учество во сите мировни мисии на Алијансата сме го потврдиле тоа! Македонскиот народ бара меѓународното право да важи за сите подеднакво. Ништо повеќе, ништо помалку! Ние никогаш нема да се согласиме да го погазиме сопственото достоинство и да ја платиме највисоката можна цена за полноправно членство во ЕУ и НАТО Алијансата. Ако Македонија која е на линија на неформалниот фронт меѓу истокот и западот, тогаш меѓународните сојузници нека ја одоброволат Атина конечно да ја почитува Времената спогодба и пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг и со привремената референца БЈРМ веднаш да станеме полноправна членка на НАТО Алијансата!

 

УСТАВНИ ИЗМЕНИ НЕ МОЖЕ ДА ИМА ЗА НЕШТО ШТО ВЕЌЕ НЕ ПОСТОИ! МАКЕДОНСКИОТ НАРОД КАКО ЕДИНСТВЕН СУВЕРЕН ВЛАДЕТЕЛ СО ИМЕТО И ИДЕНТИТЕТОТ ГО ДАДЕ СВОЈОТ ОДГОВОР НА 30-ТИ СЕПТЕМРИ! НЕДВОСМИСЛЕНО ИСКАЖАНАТА ВОЉА СЕКОЈ МОРА ДА ЈА ПОЧИТУВА!

 

Македонската Алијанса ги повикува сите пратеници да се обединат во одбрана на најсветото. Бидете уверени дека со една таква силна порака ќе се избориме за почит, дури и од нашите непријатели. Ќе го потврдиме вековниот НЕПОКОР на Македонскиот народ! Не делеле, не парчеле, не асимилираме, но националниот дух никогаш не ни го убиле!

 

МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

                                                                                        Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

                                                                                                  Претседател,

                                                                                         МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *