Почитувани,

Ние одамна пред пропаднатиот референдум тврдевме дека единствен спас за Татковината се предвремени избори на кои Македонскиот народ ќе им испорача политичката казна на предавниците. Сега, откако Заев, Димитров и Шекеринска се целосно развластени, парламентарните избори се нужност. Но тие мора да се случат по нови изборни правила заради следните причини: Прво, со постоечкиот Изборен закон, Македонската Дијаспора е исклучена од можноста да има свои вистински претставници во Македонското Собрание. Второ, од досешното искуство јасно е дека пратениците во досегашните состави се слепи послушници на најголемите политички партии и заради тоа не смеат да мислат со сопствена глава и да носат одлуки по сопствено убедување. За нив интересот на Татковината и Македонскиот народ е помалку важен од нивните фотељи. За ова има безброј примери, од срамната амнестија на Хашките случаи, до изборот на Талат Џафери, па се до гласањето на кукавичките Договори со Бугарија и Грција. Трето, во предизборната програма оваа владејачка коалиција презеде обврска дека ќе го смени изборниот модел и ќе воведе една изборна единица.

ДОСТА ЛАЖЕТЕ! ПРЕДАВНИЧКИОТ ДОГОВОР СО ГРЦИЈА ВЕЌЕ НЕ ПОСТОИ! РОКОВИ НЕМА! НИТУ МОЖЕ НИТУ ЌЕ ИМА МНОЗИНСТВО ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ!

БАРАМЕ ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА И ОТВОРЕНИ ЛИСТИ! ТЕХНИЧКАТА ВЛАДА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ ДА ЈА ВОДИ ЧЕСТИТ МАКЕДОНЕЦ, ИСКРЕН ПАТРИОТ КОЈ НЕ БИЛ ДЕЛ ОД ПРЕТХОДНИТЕ СРАМНИ ПОЛИТИЧКИ ПАЗАРИ, А КОЈ ЌЕ ГО ПРЕДЛОЖИ ДИЈАСПОРАТА!

ТАТКОВИНАТА НЕ СМЕЕ И ПОНАТАМУ ДА БИДЕ ЖРТВА НА ИЗБОРНИ МАНИПУЛАЦИИ! НИКОЈ ПОВЕЌЕ НЕ СМЕЕ ДА ЈА ФАЛСИФИКУВА ВОЛЈАТА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД! ВО СЛЕДНИОТ СОСТАВ НА МАКЕДОНСКОТО СОБРАНИЕ МОРА ДА ИМА ХРАБРИ И ОДВАЖНИ ЛУЃЕ КОИ ЌЕ ЗНААТ КАКО СЕ БРАНАТ МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ!

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Претседател,  

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

SHARE