ИК на ВМРО-ДПМНЕ ја одби иницијативата за одложување на вонредниот конгрес

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ синоќа ја одби иницијативата на повеќемина актуелни и поранешни функционери за одложување на вонредниот конгрес на партијата и оваа иницијатива нема да се најде на дневен ред на денешната седница на Централниот комитет на партијата.

ИК на ВМРО-ДПМНЕ вчера ја разгледал и информацијата околу подготовките за одржување на Вонредниот 16. Конгрес, што  треба да се одржи на 22 и 23 декември во Валандово.

Повеќе членови на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои основачи на партијата, пратеници и други функционери, завчера, во пресрет на партискиот Конгрес, во јавно писмо посочија дека се фаворизира еден кандидат за претседател на партијата. Тие побараа на претстојните состаноци на највисоките тела на партијата да бидат прифатени предлозите за зголемување на бројот на делегатите кои ќе го бираат првиот човек на партијата, како и одложување на Конгерсот за февруари следната година.

ИК на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница ги осуди и, како што наведе, „нехуманите услови во кои власта ги држи уставобранителите кои политички беа притворени со монтирани обвиненија за тероризам“.

Извршниот комитет ги осуди и „обидите на полицијата да ги спречи протестите, со закани и провокации, обидувајќи се да го задуши секое изразување на незадоволство“.

ИК ја разгледа и усвои и анализата за одржаните локални избори, која денеска ќе биде презентирана на состанокот на Централниот комитет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *