ПОСЛЕДНА ШАНСА ЗА РАИКОНЕН

Настапот во Ф1 во 2018 година во екипата на Ферари, ќе му биде последна шанса на Кими Раиконен за оваа екипа. Очигледно очекувањата во Ферари од овој возач беа поголеми, но тој едноставно не ги исполни. Блесна на неколку трки минатата сезона, но тоа беше премалку од него. Ако во 2018 година не го смени односот и пристапот кон натпреварите, договорот ќе му биде раскинат.

– Мое лично мислење е дека Раиконен може да вози како Бог, но само ако го најде вистинскиот пристап. Следнава сезона веројатно ќе му биде последна шанса да го најде вистинскиот пат. Би била штета да ја напушти Ф1 без да го покаже својот вистински потенцијал. Ако не го направи тоа, веројатно ќе бараме алтернатива за него, а во опција се Леклерк, Џовинаци и Ферстапен, кои се возачи со голем потенција – изјави претседателот на Ферари, Серџо Маркионе.

Кими Раиконен е веќе ветеран со своите 38 години. Возеше 271 трка, а во 2007 година ја освои шампионската титула. Во 2014 година се врати во Ферари, но остана во сенка на Фернандо Алонсо и Себастијан Фетел.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *