Дебата „Македонија пред новата историска одлука“

Асоцијацијата на здруженија од сферата на безбедноста, одбраната и меѓународните односи, денеска во Домот на АРМ ќе одржи Панел дебата на тема „Македонија пред новата историска одлука“.

На дебатата ќе бидат презентирани размислувања и ставови на експерти и членови на Асоцијацијата, посветени на Македонско-грчката спогодба и претстојното референдумско изјаснување на граѓаните на Република Македонија, со цел да се расветлат фактите и причинско-последичната поврзаност на актуелните состојби со иднината на државата, а во контекст на глобалните, регионалните и внатрешните перспективи за безбедносните предизвици и движења.

На дебатата ќе бидат разгледани и анализирани основните факти за македонско-грчката спогодба, поделеноста на македонското општество што ја предизвикува оваа спогодба, како и очекувањата, резултатите и последиците од референдумското изјаснување на граѓаните на Република Македонија. Особен осврт ќе се даде на факторите кои влијаат или можат да предизвикаат последици по натамошниот развој на македонското општество и интегративните процеси во Европската унија и НАТО.

На дебатата став ќе изнесат поранешниот генерал Филип Котели од Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста, д-р Благоја Марковски од Балканскиот форум за безбедност,  професор д-р Темелко Ристевски од БСФ, професор д-р Јове Кекеновски од ФТУ -Охрид, амбасадорот Зоран Тодоров, како и поранешниот генерал Мирослав Стојановски од Клубот на генерали.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *