За Александар Македонски – По стапките на Филип, Александар се зацврстува како Хегемон

 

ПО СТАПКИТЕ НА ФИЛИП – АЛЕКСАНДАР СЕ ЗАЦВРСТУВА КАКО ХЕГЕМОН

 

Додека Александар Македонски беше во Античка Македонија, античките Грци беа мирни, иако непријателски расположените групи спрема него во градовите ја чувствуваа неговата хегемонија како тешко бреме. А кога Александар Македонски отиде на север и остана долго време во непознатите и далечни земји, од каде не доаѓаа никакви вести, античкиот грчки свет беше полн со немири и возбудувања.

Во меѓувреме, новиот крал на Персија Дариј III, кој дојде на престолот во мај 336 година, беше свесен за опасноста што доаѓа од Запад, бидејќи неговата војска веќе еднаш се беше судрила со античката македонска извидница што се наоѓаше во Мала Азија. Тој веќе беше запознат со воените револуции од 337 и 336 година и сфати дека лесно ќе може да се заштити од нападот на Александар Македонски само на еден начин, а тоа беше со злато да ги привлече античките Грци на своја страна.

Според тоа, дипломатските претставници на Големиот крал ги повикаа античките грчки држави да кренат востание против Александар Македонски, а како награда им понудија големи суми пари. Арно ама, само Спарта, која не беше член на Лигата го прифати златото. Другите држави на Лигата, па и Атина, зазедоа правилен срав, со тоа што останаа верни на договорот што беше склучен и ја одбија понудата.

Демостен, меѓутоа, не се колебаше да прими 300 таланти од Големиот крал за да врши пропаганда на персиската кауза, иако неговиот роден град го избра Александар Македонски за главен и одговорен командант против Персија. Тоа беше лекомислена игра што Демостен ја започна на своја одговорност и понесе голем дел од обвинението за големата несреќа што се почувствува во Античка Грција.

Возбудувањето во Античка Грција, што се зголеми со персиските предлози, повеќе порасна поради долгото отсуство на Александар Македонски и ја постигна својата кулминација кога се прошири веста дека Александар Македонски ја загубил битката со Трибалијанците. Демостен вешто го искористи тоа за да ја зголеми агитацијата, носејќи во атинската црква еден ранет маж кој изјави дека бил ранет во истата битка во која загинал и Александар.

Верувањето за смртта на Александар брзо се рашири, а тоа беше важно за донесување одлука за кревање бунт. Ако Александар Македонски беше мртов, се поништуваше Коринсткиот договор и се избегнуваше одговороноста и обврската спрема него, а со тоа античките грчки држави би се здобиле со слободата што ја имаа пред Херонеја. Така Тебанците на кои им пречеше македонскиот гарнизон во Кадмеја, се дигнаа на востание поттикнати од прогонетите кои беа тајно донесени од Атина.

Тие убија неколку антички македонски офицери и ја почнаа опсадата на градот, верувајќи на помошта на Атина, која преку Демостен им испрати оружје што го  купи со персиско злато. Аркадијанците исто така се кренаа на востание и испратија војска во Истмус и не се повлекоа наспроти пораката од Антипатер. Раздвижување се почувствува и во Аетолија и во Елис.

Овие лоши вести втасаа до Александар Македонски непосредно по завршувањето на битката за Пелион. Веднач ја поведе својата војска кон југ, иако само што заврши суровата битка, а војската се движеше во просек од околу дваест милји на ден. На тринаесеттиод ден, Александар Македонски, за кого се веруваше дека е мртов, веќе беше во Онкест, во Бојотија.

Тебанците мислеа дека само Антипатер би можел да доаѓа против нив откај  Македонија и кога се слушна дека тоа е Александар, помислија оти тоа би можел да биде само линкестијанскиот Александар. Веројатно сметаа дека по смртта на Александар Македонски, Линкестијанците ја презеле круната во  Македонија.

Но наредниот ден невозможното стана возможно: Александар Македонски беше пред градот. За правилно да се сфати оваа борба на Александар Македонски, важно е да се спомне дека тој често водеше војна како вешт хегемон на Лигата кој знаеше во името на Лигата да ги казни непослушните членови. Тоа беше исто така антички грчки начин на обноска, бидејќи на Александар брзо му се придружија мали контингенти од соседните држави кои му беа верни, а беа непријатели на Тебанците и се ставија под негова команда согласно договорот.

Бидејќи Александар Македонски разбра дека го сметаа за мртов, што целосно ја измени законската положба, тој прво се заложи побунетите Тебанци да ги врати во Лигата без да се пролее крв. Кога им го предложи тоа тие одговорија со коњички напад врз неговата стража. Грешката на Тебанците беше во тоа што сметаа дека Александар е мртов.

Наредниот ден кралот маршираше околу градот и се улогори на југ пред портата Електра, каде што се’ уште привлекуваа внимание остатоците на стариот пат кон Атина. Овде, тој можеше да изврши напад со гарнизонот од Кадмеја, бидејќи нејзиниот јужен sид на тоа место се спојуваше со тој од градот. Тебанците направија двојна ограда од ролје пред портата за да ја пресечат врската на гарнизонот со надворешниот свет.

Александар Македонски го одложи нападот, надевајќи се дека ќе постигне мир. Тој им вети повторно на Тебанците дека тие ќе бидат примени во Лигата доколку му ги предаде водачите на бунтот. На тоа тие му одговорија со презир, велејќи дека тој треба да им го предаде Антипатер и водачот на Кадмеја. Притоа тие извикуваа од високата кула дека секој оној што сака да им се придружи ним и на Големиот крал за да ја ослободат античка Грција од тиранијата на Александар, без двоумење може да им се приклучи.

По сето тоа Александар Македонски ја извади сабјата и со голема лутина нареди напад. Арно ама, пред да даде сигнал за напад, Пердика со својот полк ги нападна оние кај оградата од колци и започна да се бори, со што се разви општа борба пред јужниот sид на градот. Кога војската која напаѓаше под раководство на Пердика беше поставена на борбената линија на патот, Александар со своите најдобри единици влезе во акција.

Наспроти добрата одбрана, Тебанците беа заобиколени, а  Македонците со сила успеаја да влезат во градот преку портата Електра заедно со прогонетите. Другите дивизи му се придружија на гарнизонот во Кадмеја и побрзаа кон градот каде што Тебанците направија уште едно упориште близу Амфион. Се случи страшен масакар над населението повеќе поради старата омраза на Бојотијанците и Фокијанците отколку поради лутината на Македонците.

ТЕБА

Александар

Што треба да се направи со освоениот град? Како хегемон на Лигата, Александар Македонски свика вонреден состанок на Федералниот совет и се обрати кон него тој да го реши прашањето, бидејќи ваква одлука требаше да донесе Федералниот суд, а не хегемонот. Само соседниот сојуз, главно Бојотијанците и Фокијанците, брзо ги испратија своите пратеници и така на состанокот најдоа излез со израз на омраза на угнетените чии многу генерации страдаа под врховната на Тебанците.

Во оваа случка човек може целосно да го види бедното неединство на Грците: по пропаѓањето на Атинската империја (404) Тебанците и Коринтијците побараа уништување на Атина, а сега претставниците на Лигата бараа уништување на Теба. Ни еден член од Лигата не го бранеше извршувањето на ваквата казна, како што е примерот со Спарта која, потоа, направи добро дело во своја корист.

Имено, додека Спарта и оддаваше признание на Атина во војната за слобода од Персија, овојпат претставниците посочија на предавството за кое Теба беше виновна. Поттикнати од ова, решението на Лигата беше Теба да се срамни со земјата, да се подели територијата (со исклучок на онаа што беше света) меѓу бојотијанските членови на Лигата, да се остави постојан македонски гарнизон во Кадмеја, да се продадат жените и децата како робови и да се прогласат тебанските бегалци како одметници на целата територија на Лигата.

До колку Александар Македонски сакаше, можеше да ја ублажи острината на одлуката. Но, во корист на панелинистичката идеја и војната за освета против Персија, тој мораше да им покаже што ги чека бунтовниците кои ја издадоа Лигата и беа играчка во рацете на персискиот крал.

Така, Александар како хегемон без колебање нареди да се изврши одлуката. На тој начин светиот град на Кадмо и Оедип, градот на Епаминонда беше збришан од површината на земјата. Современиците сепак чувствуваа дека Александар Македонски имаше грижа на совеста. Подоцна, кога имаше можност да покаже милост спрема одделни Тебанци, тој секогаш го правеше тоа.

Неговата наредба да се поштеди куќата на Пиндар, големиот тебански поет, покажува дека Александар Македонски не наредил да се уништи градот во состојба на “бесен ѓавол”, туку под притисок на политичките услови и со поделени чувства во својата душа. Исто така, непобитно е дека тој одлучил да војува само тогаш кога ќе има целосно помирување на античките грчки држави. Овој страшен пример беше добредојден за да им опрости на другите бунтовници.

Најмногу изненадени од ова беа Атињаните, свесни за својата вина како поттикнувачи на античкото грчко востание. Сензационалната вест за тебанската катастрофа одекна како гром од ведро небо во периодот кога ги изведуваа големите црковни церемонии, па затоа очекуваа дека ќе бидат казнети од победникот, иако претпазливо ја затаија ветената помош и ги оствија, Тебанците на цедило.

Веднаш испратија пратеник кој му го честита на кралот неговото безбедно враќање од север и казнувањето на Тебанците. Ваквото поведение е толку бесрамно што тешко може да се оправда. Откако ја почувствуваа кралската склоност кон милоста, Атињаните решија, по барање на Александар Македонски, да ги предадат антимакедонските водачи на чело со Демостен и да молат за повлекување на барањето испратено по втората делегација предводена од Фокион.

Александар Македонски, надвор од симпатиите спрема Атина, сметаше дека е важно да не го вкрсти оружјето со персискиот крал, со најсилната военопоморска сила. Затоа се согласи и го подржа прогонството на генералот Харидем, негов најжесток противник, кој пребега во Персија придружен од свои истомисленици.

 

Продолжува … 

 

SHARE