Седница на собраниската Комисија за финасирање и буџет

Во Собранието на Република Македонија денеска седница ќе одржи Комисијата за финасирање и буџет.

На дневниот ред на комисијата е Предлог законот за отпишување на камати за наплата на долгови кои произлегуваат од услуги од вршители на комунални дејности, телефонија, мобилни и кабловски оператори, одржување на заеднички простории, наводнување и одводнување на земјоделско земјиште, во второ читање, поднесен од поголема група на пратеници.

Членовите на комисијата ќе ги разгледаат и предлог законите за  изменување на Законот за данокот на додадена вредност, за изменување и дополнување на Законот за супервизија на осигурувањето, за изменување и дополнување на Законот за финансиската полиција, за изменување на Законот за задолжување на Република Македонија кај Банката за развој при Советот на Европа по Рамковниот договор за заем за финансирање на Проектот за изградба и модернизација на Клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје и Регионалната клуничка болница во Штип, како и за престанување на важењето на Законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на проектот ХЕ Бошков мост кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и АД ЕЛЕМ, сите во второ читање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *